Ирина Шајк на модната сцена се прошета со робот

Модната недела во Њујорк ќе остане запаметена. Ревијата на германскиот дизајнер Филип Плејн ќе остане запаметена во модната историја – Ирина Шајк пристигна со брод, а на модната писта се прошета со робот. Спектакалот кој го подговтви тимот на Филип за претставување на есенската колекција беше единствен. „Ревијата е како погреб. Со месеци работите за да направите шоу, а откако својата колекција ќе ја претставите на јавноста, ја закопувате и почнувате да размислувате за нова, изјави Плејн за БиБиСи. Благодарение на Ирина Шајк која на ревијата пристигна со свемирски брод, а на сцената се појави со робот, оваа ревија на германскиот креатор нема да биде заборавена. Кога станува збор за креациите на Филип, биле претставени и креации за љубителите на жеснкиот спорт.