,

И вo исхраната има трендови: Овие намирници ќе бидат популарни во 2018-та!

Добро познато е дека квалитетна исхрана ја сочинуваат околу 70% од нашето здравје и физички изглед, затоа и тоа како е корисно да знаете кои намирници можат да ви помогнат во постигнување на таа цел. При анализа на мислењето на вкупно 740 регистрирани диетичари и нутирционисти ширум САД е направена листа од пет супернамирници за кои експертите се сложуваат дека секако би требало да се најдат на нашето мени. Според тврдења на нутриционисти, овие пет намирници ќе бидат хит во 2018 година, кога здравата исхрана е во прашање. Куркума Провриена храна-провриен грав, леб со провриени житарици, бадеми Зеленчук-коj сега доаѓа наместо житарици Млеко без лактоза Боранија Експертите предвидуваат дека храната сиромашна со масти полека излегува од мода, додека храната на домашното производство, посебно онаа која влијае на здравјето на цревата, ќе добие предност во наредната година. Потрошувачите ќе се сконцентрираат на намалување на количината на шеќер во секојдневната исхрана, додека ќе се зголеми делот на протеини и пробиотици, што е добра вест. Според мислење на експертите, суперхраната која доживеа најголем пробив во 2017 е кокосовото масло. Кетоген и палео исхраната биле најчесто усвојувани, кога се работи за планирање на дневни оброци.

Foto-ilustracija: pixabay.com