И МВР со поддршка: #СегаКажувам за да бидат насилниците видливи и процесирани!

Македонија се здружи во кампањата против сексуално насилство и вознемирување. Оваа иницијатива покрај владата и МОН сега добива поддршка и од Министерството за внатрешни работи. Од МВР повикуваат #СегаКажувам за повеќе храброст за пријавување на сексуално насилство и вознемирување, а повеќе пријави значат и повеќе можности за полицијата да го покрене системот за одговорност за насилниците. Ги охрабруваат жртвите на сексуално мотивирани напади да не се повлекуваат пред стереотипите. Повлекувањето само ги потврдува. #СегаКажувам за да бидат насилниците видливи и процесирани!