подароци за децата кои живеат во сиромаштија. Како изненадување, подароците во нивните домови ќе им ги донесе лично Дедо Мраз.
„Целта ни е што повеќе луѓе, особено јавни личности кои имаат голем број следбеници на социјалните мрежи да се приклучат кон оваа кампања, да ја промовираат и да станат дел од неа. Ги поканивме нашите пријатели од јавниот живот од 1 до 10 декември, да купат новогодишен подарок или онолку колку што можат подароци, за деца до 11 години. Ги замоливме подароците убаво да се завиткани, и на нив да стои за која возраст е и од кој пол е детето. Потоа, фотографии од подароците да се објават на социјалните мрежи со хаштаг #ијассумдедомраз #проектсреќа. На тој начин, јавните личности ќе ги мотивираат сите граѓани, но и компаниите и институциите да го сторат истото. Важно е кај сите да се разбуди алтруизмот и хуманоста, токму за Нова година, кога тие деца и луѓе кои немаат, се чувствуваат отфрлено“, изјави Кристина Арнаудова, основач на здружението „Проект Среќа.“
Подароците се донираат до 18 декември, во канцелариите на Здружението на улица Христо Смирненски бр. 4/5, близу до Универзалната сала. За сите информации, обратете се кај координаторот на проектот Благица Ристов, на 078-405-264. Од 20 до 27 декември Дедо Мраз ќе ги посети децата во нивните домови, а на списокот има повеќе од 200 дечиња.
Потврдата за учество во проектот „И јас сум Дедо Мраз“ веќе ја одобрија повеќе наши јавни личности: пејачи, актери, спортисти, политичари.
Денес, (1 декември), почнува проектот „И јас сум Дедо Мраз“, новогодишната кампања на здружението „Проект Среќа“. Кампањата има за цел да обезбеди голем број на новогодишни