Каде најчесто гледаат очите, кога на мажот му се допаѓа една жена?

Кога машкото око ја проценува потенцијалната партнерка, најчесто застанува на градите и половината. 
Оваа пропорција дава сигнали за потенцијалните репродуктивни способности на жената. 
 Мажите чиј безимен прст е еднаков по големина или поголем од показалецот, привлекуваат партнерки, чија фигура е со форма на песочен часовник, утврди полско истражување, цитирано од весникот Daily mirror. Според специјалисти од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Краков, гореспоменатите мажи имаат четири пати поголема шанса да се здобијат со саканата, која ги поседува класичните форми на песочен часовник. Научниците потсетуваат дека должината на безимениот прст се определува од нивото на тестостерон во утробата на мајката уште додека машкото бебе е во процес на развој.