КАКО ДА БИДЕМЕ СРЕЌНИ: Десет совети од Михаил Лабковски

Советите на еден од најпопуларните руски психолози, во врска со темата која Михаил Лабковски ја смета за глава во психологијата. Се работи за способностите да се ужива во животот. За тоа зошто сме несреќни, кои пречки ни стојат на пат и што треба да промениме за да бидеме среќни. 

Не плашете се да бидете среќни 

 Повеќето од луѓето живеат во семејство во кое не е прифатено да се ужива во животот, каде што не е добро да се зборува дека кај некој сè е добро. Неспособноста на родителите да се радуваат и смеат, се пренесува на децата, и децата веруваат дека животот така е уреден. Уште една карактеристика е идејата дека ако сè оди добро, за тоа ќе мора со сигурност да се плати. Луѓето се плашат да уживаат во животот и го поврзуваат тоа со нешто лошо. 

Престанете да се сожалувате себеси

Кога им зборувате на другите за своите проблеми, што сакате? Сакате да се жалите, а не да ги решите проблемите. Култот на страдање е уште една карактеристика на луѓето. Полесно е да се страда и пати, наместо да се живее среќно. Здравиот човек или ја прифаќа ситуацијата или ја менува. Невротичниот и не ја прифаќа и не ја менува. Да се земе за пример физичката болест, која реално не дозволува да се ужива во животот. Но здравите луѓе се лекуваат, а невротичните сакаат да боледуваат, затоа што имаат причина да се сожалуваат себеси. Луѓето се спремни и да умрат, затоа што лекувањето би значело дека сакаат да живеат и уживаат. 

Одделете ги реалните проблеми од измислените

Невротичниот од здравиот човек се разликува по тоа што здравиот човек се грижи за вистинските проблеми, а невротичниот за непостоечките. Тоа е како хоби – да се измисли проблем и да се пати поради него цел ден. 

Не се обидувајте да помагате на сите

Желбата да се помогне на другите, произлегува од неверувањето дека личноста е заслужна луѓето да ја сакаат природно и без тоа. Со помошта на другите, човекот се обидува да си ја подигне самодовербата. Со тоа, ако некој не ја бара, подобро е да не се мешате. Фокусирајте се на оние, на кои навистина им е потребна помош. 

Не зборувајте кога не ве прашуваат

Кога одговарате на прашања што не ви се поставени, ја покажувате вашата грижа. Поминував со мојата девојка пред една ужасна продавница со наслов „Гардероба“ кога таа рече: „Колку прекрасен фустан“, а после една минута мое молчење: „Знаев дека не си вистински маж“. Тоа го прават сите жени. Да побараше да ѝ ја купам, ќе ја купев, но ако во таква ситуација не тргнете веднаш кон касата, вие сте несигурен човек. 

Одделете ја љубовта од зависноста 

Луѓето никогаш не обрнуваат внимание на тоа што го сакаат. Да го земеме за пример пушењето. Јас пушев 37 години, последните 10 и по 3 кутии дневно. Еднаш ги оставив цел еден час и 40 минути, кога докторот ми порача дека наскоро ќе имам срцев удар. Престанав да пушам кога си реков себеси дека не ги сакам цигарите, а само сум зависен од нив. Невротичните луѓе не разликуваат зависност од љубов. 

Рутината не е секогаш лоша работа 

Јас имам рутина (држам предавања) 35 години и поради тоа се чувствувам одлично, затоа што сум конзервативен човек. Се сеќавате ли што ги праша Рабиновиќ затворениците: „Зошто секогаш шетате во ќелијата, мислите, не седите? Невротичните не можат да живеат спокојно, секогаш нешто менуваат, се плашат дека нешто нема да успее, стигнуваат до петтиот степен на образование. Кога ќе се појави можност да не прават ништо, ним им е непријатно.

Менувајте се себе, а не другите

Тоа пред сè се однесува на воспитувањето деца. Не можете, ако не правите ништо со себе, да правите нешто со децата. Тие не го усвојуваат она што го зборувате, туку она што го правите и како се однесувате со другите. Ја советував една 70-годишна жена што не сфаќаше зошто нејзиниот 40-годишен син не се јавува на телефон. Се покажа дека таа му го наметнала тоа свое сценарио уште кога имал 15 години. Затоа сетете се, што вели стјуардесата во авионот – првин ставете ја маската на себе, а потоа на децата. 

Полесно справувајте се со критиките

 Замислете дека седите во метрото и влегува баба. Цел вагон гледа на вас со омраза, а вие веднаш станувате од своето место, за да отстапите. Зошто го направивте тоа; бабата не побара од вас да станете? Овде станува збор за ниско себе вреднување и страв од осуда. Експериментирајте и не станувајте, ако не сакате. Без разлика што и да зборуваат другите – дека сте без совест, дека такво ѓубре не сретнале во животот, не реагирајте. Со тек на време, ќе сфатите дека туѓата оценка може да ја игнорирате.

Правете го само она што сакате

Класичен пример  е со децата, кога си играте со нив затоа што така треба. Јас сум добар човек и мора да си играм со нив. Престанете со тоа. Играјте си со нив кога ќе сакате, а кога не сакате – не играјте. Децата исто така чувствуваат кога вам не ви е интересно, а чувствуваат и вина, не љубов. Играјте си со децата, кога сакате и колку сакате. И без тоа имате големи обврски. Од предавањата на Михаил Лабковски во Екатеринбург, октомври 2016.