,

Како да спречите дебелеење кај детето

Дебелеењето кај децата е проблем во светот. Децата се’ помалку се играат надвор, помалку јадат дома, а тоа доведува до нивно дебелеење. Еве што советуваат педијатрите, доколку сакате да спречите вашето дете да се здебели. Прва работа на која треба да внимаваат мајките е витаминот Д во текот на бременоста. Истражувањата кои неодамна биле објавени во списанието  Pediatric Obsesity, покажале дека кај жената која има недостаток на витамин Д во текот на бременоста, се зголемува ризикот од здебелување на детето. Еве неколку совети од др. Едвин Равел, чија специјалност е дебелеење кај детето, Доете го бебето Доењето е најдобра исхрана за новороденчето, а го намалува ризикот од здебелување за 4%. Храната треба да биде балансирана За да децата имаат доволно енергија и правилен развој, потребни им се три оброци и две ужинки. Потрудете се децата да бидат физички активни Колку и да сте изморени кога ќе дојдете од работа, водете ги децата надвор.  Кратката прошетка ќе придонесе за здравје и рани навики во раното детство, а половина час гледање цртани филмови е губење на време. Погрижете се детето да спие доволно Недостатокот на сон го зголемува ризикот од здебелување.  На децата помали од 3 години потребно им  е сон меѓу 11 и 12 часа во текот на ноќта. Ако детето е ненаспиено, во текот на денот ќе биде уморно, ќе нема енергија да се игра,  туку ќе сака да седи и да гледа телевизија. Избегнувајте пржена храна и сокови Гответе ја или печете ја храната. Избегнувајте пржена храна, а децата научете ги дека водата е најдобар пијалок.