,

Како да ја направите најдобрата корпоративна забава

Празниците се ближат, а празничното расположение ги наговестува сите прослави и забави. Корпоративната забава е една од поважните настани каде се зацврстуваат деловните врски и е неопходна за дополнителен поттик за работа и придонесе во фирмата. Особено внимание треба да се посвети на воведување интересни и нови работи бидејќи празничните прослави, но и забавите општо, секоја година знаат да бидат исти. Овој тип на настан е витален и освен што е од службен карактер, исто така ги зајакнува интерперсоналните врски. Еве пет начини за како најдобро да се приреди една корпоративна забава: 1.Креативни и едноставни покани – целта на поканата е веднаш да го привлече вниманието. Најдобар и најсовремен начин е преку кратко видео или гиф каде текстот ќе биде минимален, но содржаен. Се препорачува во поканата да има една одредена фраза која ќе предизвика емоција кај секој. Дополнителен предлог е зборот „празник“ да се одбегне иако станува збор за празнична прослава. Креативната покана е секогаш предност на забавата. 2.Уникатна тематска забава – кога забавата има одредена тема, тогаш таа има и приказна. Целокупното искуство гостите треба да го доживеат како едно патување кое ќе остане во нивните спомени. Дури и најмалите детали играат голема улога во овој чекор – од храната па сè до декорацијата. Исто така, секогаш постои можноста да се инкорпорираат и уникатни изведувачи кои ќе ги забавуваат гостите, како магионичари, бурлески танчари, стомачни танчари, DJ-и, итн. Вистински избор се и забавните игри во кои секој може да учествува, а секако и игрите од натпреварувачки карактер. Со цел дополнително да се истакне брендот и фирмата, добар начин е да се вметне логото во сите овие акти, дизајни, па дури и храна. 3.Максимално искористување на просторот – добро организираниот простор е еден од главните фактори за тоа како ќе се одвива забавата. Доколку просторот е поделен на повеќе области, во секоја област треба да има различен тип на забава што ќе ги поттикне гостите да се движат повеќе. Ова може да биде проследено и со различен тип на храна и пијалаци. Меѓутоа, ако просторот не е поделен на повеќе области, тогаш потребно е да се ограничи областа за танцување, за перформанси, храна, и слично, со што гостите ќе се чувствуваат комфорно. 4.Ангажирање на професионален фотограф – факт е дека секој ќе сака спомените од оваа забава да му бидат запечатени и запаметени. Во денешно време, тие моменти можат да се фотографираат благодарение на паметните телефони, но високо - квалитетна фотографија направена од страна на професионален фотограф никогаш не може да се замени. Со оглед на социјалните мрежи кои се големи платформи за споделување моменти од животот, гостите ќе добијат фотографии со висока резолуција, во добро издание и со можноста да ги споделат тие фотографии. 5.Врвна кетеринг услуга – за крај, највоочлива ќе биде кетеринг услугата за време на забавата, што ја прави и најважна. Вреди да се напомене една од најпрестижните компании во Македонија, „Далма Кетеринг“ која е лоцирана во Скопје. Оваа компанија е лидер во областа на кетерингот и организирање секаков вид на настани со сопствена опрема. Во склоп на претходно наведените услуги, компанијата нуди и конкурентна цена достапна и за најмали семејни веселби. Високиот статус на „Далма Кетеринг“ е по заслуга на врвните готвачи, келнери и организатори, додека пак менито е збогатено со традиционална кујна, егзотични закуски, морски плодови, современи коктел ордевери, детска храна и многу други посебни комбинации кои можат да се искомбинираат по сечиј вкус. Кога станува збор за организирање настани, Далма помага во секој елемент од организацијата, односно: шатори, маси, столчиња, осветлување, аудио опрема, видео опрема, рампа и бина, пиротехника, декорации и многу други аспекти. „Далма Кетеринг“ е избрана да опслужува највисоки државнички церемонии, конгреси и самити, дипломатски и свадбени прослави и токму поради сите предности. Таа е вистинскиот избор на кетеринг компанија! За повеќе информации, може да се посети официјалната веб страна на „Далма Кетеринг“: https://goo.gl/i5Ttew   Како и официјалната фејсбук страна: https://goo.gl/H1eLQ8 *Koмерцијален текст