,

Како „Жената чудо“ постигнува баланс меѓу децата и кариерата?

По феноменалниот успех на филмот Жената чудо ова лето, израелската актерка Гал Гадо стана суперѕвезда. Таа е исто така мајка на две деца, а балансирањето на нејзините лични и професионални обврски не е лесно. Ова е еден од најголемите предизвици, и секоја мајка во кариерата го знае тоа, вели Гадо. Секогаш се чувствувате виновни дека немате доволно време дома или не сте работеле доволно долго за да посветите поголемо внимание на еден или на друг. Но, неодамна, актерката сфатила како да постигне рамнотежа.   Децата се всушност дел од секој аспект во животот. Не треба да го менуваш целосно само заради нив. Се разбира, тие се приоритет број еден, но нема ништо лошо човек да има и друго во својот живот. Нема ништо лошо да немаш рутина, да се прават работите поинаку, важно е семејството да биде заедно, вели таа. Кога го снимала Жената чудо Гадо морала да работи шест дена во неделата. Често ја земала нејзината голема ќерка со неа на сцената. Откако филмот постигна успех, и реков: " Целото тоа време, во кое ме немаше или кога требаше да стоиш со мене на работа и ни беше студено и едноставно сакавме да се прибереме …се исплати ". И таа го почувствува тоа, ми рече дека е горда на мене, бидејќи нашето семејство помина низ тоа, успехот на филмот беше како семеен успех, додава Гадо. [caption id="attachment_2503" align="aligncenter" width="1000"] Gal Gadot out and about comforting her daughter Alma Versano
Featuring: Gal Gadot, Alma Versano
Where: Los Angeles, California, United States
When: 24 Jun 2017
Credit: Cousart/JFXimages/WENN.com[/caption]