Како што минуваат годините сѐ помалку време имам за неважни работи!

Се помалку се потпирај на непотребни обвинувања и караници, а се повеќе чувај го сопствениот мир. Како што поминуваат годините се помалку дозволувам да ме навредуваат туѓите навреди, едноставно се дистанцирам од нив бидејќи сфаќам колку е драгоцено да не се размислува за возвраќање, одмазда и сплеткарења, а времето да се поминува со луѓе кои ги сакаш и кои тебе те сакаат сфаќајќи колкав луксуз е тоа. Како што поминуваат годините се помалку му давам важност за забрзаноста на овој свет да ми набива стрес бидејќи сфаќам дека не е ништо толку важно и дека се може да се одложи, и дека ништо не се мора-освен да се умре. Како што поминуваат годините се повеќе сум во потрага за луѓе кои се слични како и јас, а се помалку гледам на оние кои се држат високо и во чие друштво некогаш сакав да бидам и се би дала за него, компромитирајќи се себе и дозволувајќи очекувањата на другите да ми го испревртат животот. Како што поминуваат годините се помалку сакам на други да им се правдам зошто правам нешто, зошто некои работи ги менувам, а зошто не. Сакам да имам повеќе време за себе, а малку за луѓето кои се со мене само затоа што моментално не може да бидат со некој друг. Па ете така им го убивам времето и осаменоста. Како што поминуваат годините сфаќам дека молкот некогаш е најдобар одговор на сите напади бидејќи оние кои се борат против вистината, не вреди да ја расипувате на нив. Како што поминуваат годините сфаќам колку зрелоста скапо ја платив и како многу луѓе не го разбираат односот во кој довербата и искреноста е нешто што се подразбира, туку мора посебно тоа да го нагласуваат. Колку уште имам време–тоа не знам, но знам дека тоа време не смеам да го уништувам на нешто што веќе ме научи на искуство да игнорирам и да се повлечам. Се повлекувам од сите неважни работи бидејќи сакам уште малку да го почувствувам она добро кое ми го пружа животот.