,

Кампања на ОБСЕ за подигнување на јавната свест: #АКО ЈАС СЕ ПРАШУВАМ

Кампања на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за подигнување на јавната свест за поттикнување на граѓанското учество во подобрување на квалитетот на животот #АКО ЈАС СЕ ПРАШУВАМ (MKD) #NËSE UNË PYETEM (ALB) #АКО СЕ ЈА ПИТАМ (SERB) #AKO JA SE PITAM (BOSN) #EĞER BEN SORULURSAM (TUR) #TE PUCHENA MAN (ROM) #CARA S-MI ÃNTREB IO (VLACH) Промовирање на демократскиот принцип на граѓанско учество преку спроведување на кампања за подигање на јавната свест на национално ниво. Мисијата на ОБСЕ во Скопје, имплементира кампања за подигање на свеста на тема Поттикнување на граѓанското учество преку серија регионални дебати и форуми. Целта на оваа кампања е иницирање на граѓанска вклученост и чучество во сите животни текови кои имаат цел, подобрување на квалитетот на животот на локално ниво. Преку кампањата за Промовирање на граѓанското учество како принцип на демократско управување, Мисијата на ОБСЕ во Скопје има за цел да ги поттикне граѓаните и зајакне капацитетите на граѓанскиот сектор, бизнис заедницата, и локалните власти да иницираат проактивност и креираат соработка со цел подобрување на севкупните услови за живот во земјава. Учеството на граѓаните во политичките и социјалните сфери на општествено делување е еден од клучните елементи на функционалната демократија и демократското владеење. Нивото на граѓанско учество и ангажирање во активностите кои се политички и општествено важни е на многу ниско ниво. Според анкетите спроведени од ИРИ во 2015 година, 51% од граѓаните воопшто не се мотивирани (покрај 17%, кои не се доволно мотивирани) да учествуваат во било која форма на политички и општествени активности за решавање на конкретен проблем или за влијание врз одлуките на политичарите. Ова е меѓу најниското ниво на учество во Европа во споредба со барометарот на ЕУ. Граѓаните во земјава велат дека не веруваат дека нешто може да се промени, или пак тие се рамнодушни кон политичкото учество и тврдат дека "тоа не е нивна работа". Овие наоди покажуваат дека свеста на граѓаните, како и нивната мотивација, е многу ниска кога станува збор за било каков социјален и / или политички ангажман. Бидејќи ова е прашање на перцепција, мотивација и верувања, наместо институционален проблем, кампањата за подигање на јавната свест на национално ниво може значително да го подобри овој аспект како важен принцип на добро владеење. Кампањата има за цел да ги мотивира и поттикне граѓаните да учествуваат во политичкиот живот преку достапниот демократски механизам и однесување, зголемување на нивната свест за важноста и влијанието на нивниот ангажман. Кампањата се спроведува на национално ниво, и има за цел унапредување на граѓанското учество како принцип на демократско владеење ќе биде насочена кон резултатите од истражување / анкета на јавното мислење за состојбата на свеста на јавноста за прашањето на учеството на граѓаните и резултатите од квалитативно истражување спроведено користејќи фокус групи со претставници на целни групи пред се на оние од 15 до 40 години. Истражувањето беше спроведено во 2015 година. За таа цел во рамките на кампањата за подигнување на јавната свест на тема Поттикнување на граѓанското учество под слоганот #АКО ЈАС СЕ ПРАШУВАМ се организираат шест локални дебати и еден регионален форум за граѓанско учество. Локалните дебати се организраат во Велес, Штип, Струмица, Тетово, Охрид и Куманово и регионален форум во Битола. Покрај дебатите и форумот за потребите на кампањата развиен и подготвен е и сет на промотивни материјали, ТВ реклами, флаери, постери, објави на социјалните медиуми, маици, и награден конкурс за иновативни идеи на тема Граѓанска вклученост. На трите најкреативни идеи ќе им бидат доделени таблети како награда. Кампањата се реализира во периодот од 11 до 22 декември.