,

Карактеристики на мажот кој никогаш нема да престане да ве сака: Ако го имате, чувајте го!

Тој целосно ви е посветен вам и на вашата врска. Лесно е да бидете заедно кога се оди како подмачкано. Меѓутоа, треба да се биде доволно храбар и да се држите заедно кога згусти. Вистинскиот маж не исчезнува без трага, по мала караница, но и не ѝ се нафрла на неговата поубава половина кога е нерасположен. Јасно му е колку е важна врската и нема да дозволи што било да ѝ застане на пат. Тој не ги избегнува проблемите. Вистинскиот маж многу ретко ги „таложи“ проблемите во себе и ќе чека тие да се насоберат до точка на вриење. Ако нешто во врската му смета, тој ќе ви го каже тоа на многу внимателен начин. Доколку тој е виновен за нешто што ја уништува врската, ќе даде сѐ од себе, тоа да го поправи. Јасно му е дека проблемите не ја дефинираат врската туку начинот на кој заеднички ги решавате и надминувате. Тој посветува внимание на малите работи. Нему му е јасно дека од малите, безизлезни, работи може да се создадат големи проблеми. Неговата цел е истите да ги „исече“ во корен и поради тоа примарно им посветува внимание на малите работи. Тој сака да се чувствуваш добро во своја кожа Тој мисли дека си убава, инаку зошто би бил со тебе? Нему му е важно и ти така да се чувствуваш поради тоа е подготвен да направи се што е во негова моќ да се видиш себе како тој те гледа секој ден. Тој сериозно ги сфаќа своите грешки. Ако направи нешто што те повредило, ќе му треба многу време да си прости самиот. Многу ретко може нешто да го скрши, но кога „згреши“ за тебе, тогаш и дава сѐ од себе да ја поправи грешката. Тој те познава доволно добро за да знае што може да те повреди, но тоа никогаш не би го направил. Ни за милион години.