КАРОЛИНА ГОЧЕВА ПРЕД КОНЦЕРТНИОТ МАРАТОН ВО МОБ: Се подготвувам со витамини и со супи

Од дома излегувам само за проби, откако и мене не ме заобиколија вирусите што се актуелни, па целата измината недела ја поминав во кревет. За поп-ѕвездата Каролина Гочева од вечер стартува маратонски концертен период. Каролина ќе го промовира новиот албум „Извор“ со седум концерти во Македонската Опера и балет. Првиот е вечер од 21 часот, вториот е во сабота, третиот во недела, а четвртиот во понеделник. Откако Каролина ги распродаде четирите концерти, нејзината матична „Авалон“ продукција закажа уште три: на први, втори и на трети март. [caption id="attachment_18911" align="aligncenter" width="640"] Многу се израдував што повторно се покажа дека публиката е желна да не чуе. Од срце се радувам на деновиве што доаѓаат.- Каролина Гочева[/caption] Во кусиот разговор за „Женски магазин“ Каролина изјави дека со нетрпение ги очекува претстојните денови, и внимава на себе пред настапите, по вирусот од кој се лекуваше минатата недела. Многу се израдував што повторно се покажа дека публиката е желна да не чуе. Од срце се радувам на деновиве што доаѓаат. Од дома излегувам само за проби, откако и мене не ме заобиколија вирусите што се актуелни, па целата измината недела ја поминав во кревет. : -) Освен со проби се подготвувам со витамини, супи, чаеви и со убава мисла. : -)“, ни изјави Каролина. Со концертната промоцијата на новиот албум, Каролина ќе го надмине својот претходен рекорд. Овој пат, таа и нејзиниот бенд ќе одржат седум концерти, откако во 2014, албумот „Македонско девојче 2“ го промовираа со шест концерти. На последниот од таа серија, Каролина ја испрати публиката од фоајето на МОБ, пеејќи им ги хитовите „Две лири“ и „Чалгиска“ акапела. [caption id="attachment_18910" align="aligncenter" width="640"] На претстојните концерти, публиката за прв пат ќе има можност да ги чуе во живо сите нови песни од албумот „Извор“, а ќе се потсети и на најслушаните песни од проектот „Македонско девојче“[/caption] На претстојните концерти, публиката за прв пат ќе има можност да ги чуе во живо сите нови песни од албумот „Извор“, а ќе се потсети и на најслушаните песни од проектот „Македонско девојче“, првиот и вториот дел. Повторно сме поблиску до овој жанр (етно-поп) отколку до класичен поп, некако на целата екипа (тука секако мислам и на целиот бенд) последниов проект одлично ни лежи, со огромна љубов го изведуваме, што мислам е и забележливо кај сите, а и публиката со посебна топлина ни возвраќа изминативе години“, изјави Каролина за „Женски магазин“ на крајот од минатата година. Албумот „Извор“, таа го најави со синглот „Ѕвона“, чиј автор е Никола Мицевски. Тој е композитор и на повеќето хитови на Каролина од „Македонско девојче 2“, а автор е и на песните од новиот албум. За Женски магазин, Милица Џаровска Фото: Стефан Дамјановски, Јована Зука