,

КАРОЛИНА СО КОНЦЕРТНА ПРОМОЦИЈА НА НОВИОТ АЛБУМ „ИЗВОР“ ВО ФЕВРУАРИ ВО МОБ!

По концертниот маратон од пред четири години, Каролина и нејзиниот бенд повторно се враќаат во Македонската Опера и Балет, со четири последователни концерти, на 23, 24, 25 и 26-ти февруари. На концертите публиката за прв пат ќе има можност да ги чуе во живо сите нови песни од долгоочекуваниот албум на Каролина насловен „Извор“, а ќе се потсети и на најубавите нумери од проектот „Македонско девојче“. Влезниците за сите четири концерти ќе бидат пуштени во продажба по цена од 800 денари, од 24-ти јануари, во 9 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн на веб страницата на ККЗС. Со секоја купена влезница следува подарок- луксузно дигипак издание од албумот „Извор“, кое ќе може да се подигне веднаш по завршувањето на концертите.