,

Катарски рецепт

Hend Hasaan, млада жена, мајка, слаткар и хемиски инженер е родена и живее во Катар. Иако традиционалниот свет тука честопати ја критикува, таа сепак храбро продолжува да ја следи својата страст. Откако во 2010 дипломирала хемиско инженерство, барајќи работа подолг период сфатила дека сака да прави торти и дека тоа многу добро и оди. Вели веројатно наследив од мојата мајка. Со цел да биде тоа што е денес таа посетила 5 bakery курсеви поврзани со изработка на торти, изучувала кулинарство во Дубаи на International culinary academy како и во Лондон за во 2011 да започне со продажба на своите слатки од своето мало студио на Pearl (нова, елитна населба во Доха). Инспирацијата за своите торти ја црпи од секојдневните трендови на интернет како и од традиционалната катарска кујна. Моментално подготвува линија на торти кои ќе изгледаат модерно, но вкусот ќе биде заснован на традиционалните слатки во Катар. Таа е голем гурман и сака да пробува храна од целиот свет, но посебно е фасцинирана од молекуларната кујна. Вели во лабараториите за молекуларна кујна, неверојатно е како еден тип на храна или состојка драстично го менува својот вкус. По разговорот ме покани да пробам 2 Катарски специјалитети, солен и благ, коишто се задолжителни на трпезите во Катар. Се работи за Majboos и Balaleet. Majboos е јагнешко месо со ориз, но приготвено со неверојатен микс на зачини. Кога ги слушнав состојките искрено по малку бев зачудена, но вкусот е неверојатен. Потребни состојки за Majboos (маџбус) 1 кг. Јагнешко (може и говедско) 1 кг. Ориз 2 Домати 1 лажичка Вегета (доколку имате арапски микс на зачини, ставете место вегета) 10 гр. Рендан лук 10 гр. Рендан ѓумбир 2 Главици кромид 1 лажичка Доматна паста 10 гр. Кардамом 10 гр. Цимет 10 гр. Каранфилче Масло за пржење Вода за оризот 3 спрема 1 1 Главица кромид (да се карамелизира) 1 Лимон Најпрво маринирајте го месото со изренданите лук и ѓумбир, вегетата, сок од лимон и сол. Оставете да отстои минимум еден час. Во сад со масло ставете ги двете главици кромид исечкани на коцки, продинстајте, а потоа додадете ги сите зачини. Додадете го месото во садот околу 15тина минути, а потоа ставете го во тава и печете го 2 часа на 150 степени. Во истиот сад кај што го приготвувавте месото, ставете го оризот да се свари. Во меѓувреме карамелизирајте ориз, постапката ја имате на www. zenskimagazin.mk/recepti. На крај сервирајте ги оризот и месото и одозгора ставете го карамелизираниот кромид. На традиционалната трпеза задолжително јадење да не речам десерт е т.н Balaleet. Можеби рецептот е малку необичен, но вреди да се проба. Шафран со розина вода мммм … Потребни состојки за Balaleеt 500 гр. Шпагети (Vermicellini – пишува на амбалажата) ги има кај нас 20 гр. Путер 120 гр. Шеќер во прав 10 гр. Кардамом 15 гр. Шафран 10 гр. Цимет 120 мл. Розина вода за слатки 3 јајца Во сад ставете вода да зоврие заедно со путерот. Во водата која веќе врие ставете ги шпагетите кршени на мали парчиња и внимавајте да не ги преварите. Во меѓувреме во розината вода, ставете го шафранот и зачините. Откако ќе ги сварите шпагетите, процедете ги, ставете го шеќерот и розината вода со зачините и убаво мешајте за да добиете хомогена смеса. Од јајцата направете кајгана и во сад сервирајте. Најпрво ставете ги шпагетите, а потоа додадете ги јајцата одозгора. Bon Appetit. За крај Hend ме послужи со арапско кафе. Тоа е еден вид на 100 арабика, но измешана со зачини. Интересен вкус, кафе со разни ноти и малку горчина. Откако ме послужи, ми објасни дека доколку на гости во Катар ве послужат со голема шолја кафе тоа значи пиј го и оди си •, или како што се вели кај нас сиктер кафе.   За Женски магазин, готви Маја Зивчевиќ