Доживеав нервен слом поради крајот на љубовта: Кајли Миног си ја отвори душата

Заедно беа две години, се свршија, но лани објавија дека нивната врска е готова. А Кајли која има 50 години сега призна дека се тоа тешко и паднало и дека доживеала нервен слом. „Само сакав да запрам. Моето здравје беше загрозено, знаев дека морам да се излекувам некако. Мислам дека тоа се вика нервен слом. 


„Само мислев: „Не, не, не“. Почнав да се затворам во себе и сфатив дека не сум добро“, рекла познатата актерка. Отишла во Тајланд како би се опоравила, а таму била недела дена. „Длабоко потонав, но брзо се вратив. Беше тоа прилика да се вратам на себе, да станам посилна и да тргнам понатаму“, рекла Кајли. Поп ѕвездата неодамна раскажа за својата тага бидејќи не стана мајка и веројатно никогаш нема. „Секако дека се прашувам како би било да ги погледам во очи децата. Но, судбината е судбина. Би лажела кога би кажала дека не сум тажна, но не смеам да се предадам на такво размислување. Што можам? Постои поголема веројатност дека ќе запознаам некој кој веќе има деца. Можам да се замислам како маќеа“, рекла Кајли.