Кинескиот хороскоп предвидува: Вака ќе изгледа вашиот љубовен живот во 2018та!

Стаорци: 1996., 1984., 1972., 1960. Многу брзо ќе влезете во врска. Вие сте тип на личност кој сака да биде во врска, но во минатото најтешко ви било да одржите долгорочна врска и да го задржите својот интерес. Но, во почетокот на новата година, брзо ќе се заљубите и тоа ќе биде вистинската личност за вас. Бивол: 1997., 1985., 1973., 1961. Ќе најдете некој кој ви се допаѓа исто колку и вашата работа. Биволот секогаш бил оној кој ја става работата пред се. Значи, кога ќе ја запознаете личноста која почнува да ве учи дека треба да имате малку повеќе забава во животот, ќе ја отфрлите, но таа ќе ве убеди дека е важно да се успее, но она што е поважно е со кој го делите тој успех. Тигар: 1998., 1986., 1974., 1962 Ќе се претворите во безнадежен романтичар. Тигарот бега од секаква роматика и чувства. Сакаат да бидат сами. Се сконцентрирани на себе. Но ова ќе биде година во која ќе ја запознаете својата сродна душа. Таа личност ќе ви биде толку слична што еден од вас ќе мора да попушти. И тоа ќе бидете вие. Нема да се препознаете самите себе.   Зајак: 1999., 1987., 1975., 1963. Ќе бидете сами, но тоа ќе ви одговара. Зајакот е еден од најсимпатичните знаци во кинескиот хороскоп. Буди интерес кај многу различни луѓе. Но, важно е да застанете и сфатите кога треба да бидете сами. Со губење во односите заборавивте кој сте и каков е животот без врска. Од витална важност е тоа повторно да го пронајдете. Змеј: 2000., 1988., 1976., 1964. Начинот на кој поминувате низ врската е начинот на кој мора да победите. Во новата година ќе потрошите многу време со погрешни луѓе. Вашата фрустрација ќе расте и ќе бидете изморени од се. Потоа ќе се појави личност која ќе ви донесе увид зошто претходно со никој ништо не функционирало. Имајте трпение. Змија: 2001., 1989., 1977., 1965. Тврдите дека ја мразите љубовта и односите, но потајно ги посакувате. Изградивте репутација да не чувствувате ништо длабоко. Го користите тоа како одбрамбен механизам бидејќи не сакате некој да ви биде премногу близу. Истовремено, сакате да најдете некој на кој ќе му значите и кој ќе се потруди да ги урне ѕидовите кои ги подигнавте. Ќе наидете на личност која ќе ве натера да ги промените вашите патишта, бидејќи ќе видите кој сте и кога сите други само ќе глумат. Коњ: 2002., 1990., 1978., 1966. Вашиот однос ќе биде на патот до следната фаза. Дојдовте до тоа да сакате да направите следен чекор, но не сакате да создадете притисок на својот партнер ниту да го исплашите. Тој знае што сака само чека на вистинско време. Бидете подготвени за тоа во 2018 година. Коза: 2003., 1991., 1979., 1967. Вашиот однос се ближи до крајот. Тешко е да признаете кога нешто не е добро или сте се промениле, но токму тоа се случило. Иако старата љубов трае и ниеден од вас не сака да попушти, понекогаш повеќе боли да се задржи она што веќе го нема. Мајмун: 2004., 1992., 1980., 1968. Конечно ќе се исцедите. Имавте многу односи во минатото кои не сте подготвени вистински да ги отпуштите и да отстапите од нив. Но заслуживте да бидете среќни и токму ова ќе ви се случи оваа година. После толку болка, која ви стана толку позната, ќе ви биде чудно да чувствувате среќа, бидејќи сте заборавиле како таа воопшто изгледа. Петел: 2005., 1993., 1981., 1969. Ќе ја спознаете и прифатите магијата на осаменоста. Најлудиот период од вашиот живот ќе се одвива во 2018-та! Куче: 2006., 1994., 1982., 1970. Ќе најдете некој кој ви е верен колку и вие нему. Од сите знаци Кучето во кинескиот хороскоп е најверно. А најголем проблем кој го имавте во минатото е впуштање во односи со луѓето кои не се подготвени на компромис. Наскоро ќе сретнете некој кој ве тера да сфатите дека не моравте толку да се трудите. Свиња: 2019., 2007., 1995., 1983., 1971. Старата љубов ќе се врати во вашиот живот. Некој кој секогаш бил во вашето срце, некој за кој уште размислувате, ќе се врати во вашиот живот и ќе се чувствувате како ништо да не се променило помеѓу вас. Ќе сфатите дека изгубената љубов понекогаш се враќа, но овој вториот пат нема да бидете повредени.