Кире Лазаров меѓу најсексапилните мажи според Хрватките на ова ЕП

Капитенот на нашата репрезентација Кире Лазаров го носи епитетот втор најсексапилен маж на ова Европско првенство меѓу сите ракометари. Втор на листата од топ 5 после Домагој Дувњак Лазаров го сместија жените во Хрватска, кои го опишале Кире како вистински маж и „раскошен цвет од градината на соседите“. Во „стручното жири“ се најдоа моделот Тина Катаниќ и ПР-експертот, Лана Клингор Михиќ. Нивната топ 5 листа на најзгодни ракометари ги вклучи Никола Карабатиќ од Франција како петти, Микел Хансен од Данска на место бр.4, трет е Виктор Гонзалес од Шпанија, Кирил Лазаров е на второ место, а домашниот ракометар, Домагој Дувњак за нив е најсексапилниот ракометар на првенството. Моделката Катаниќ, пак, кажала дека во Кире има „нешто маркантно“.