Кога да се тушираме – навечер или наутро?

Клиничкиот психолог и експерт за спиење д-р Џенет Кенеди открива кога треба да се туширате.

Вечерно туширање

За оние кои страдаат од несоница, д-р Кенеди препорачува туширање најмалку 90 минути пред спиење.

„Кога се подготвувате за сон, телото нормално се лади со забавување на ритамот на срцето. Туширањето со топла вода повторно ја зголемува температурата, што може дополнително да не разбуди. Затоа е неопходно да се туширате барем еден час и половина пред спиење”- објаснува д-р Кенеди.

Утринско туширање

Оние кои претпочитаат утрински туш велат дека не постои подобар начин да се започне денот. Туширањето предизвикува циркулација и разбудува.

„Утринското туширање особено се препорачува за оние кои потешко се будат”- изјави д-р Џенет Кенеди, клинички психолог и специјалист за спиење. За да се постигне вистински ефект на будење, д-р Кенеди препорачува да се туширате со млака вода, наместо жешка.