Кога ќе излезе четвртиот постхумен албум на Тоше Проески?

Завршен е четвртиот постхумен албум насловен „Secret place“ на Тоше Проески. Ова го најавија од фондацијата која го носи името на пејачот. На албумот ќе има 10 песни, кои се испеани на англиски јазик, а се подготвуваат и три видеозаписи за три песни од самиот албум. Едниот е снимен во Македонската филхармонија, вториот во студио, а третиот во Крушево. Промоцијата ќе биде на пролет. На 25 јануари беше одбележан роденденот на македонската мега ѕвезда, која загина во сообраќајна несреќа во Нова Градишка, Хрватска во 2007 година на 16 октомври.