,

Кокев ја најавува новата модна сезона

Повеќе од деценија, успешно плови во модниот свет под етикетата на својот моден бренд, кој го претставува во Македонија, но и надвор. Минатата година ја одбележа со десетгодишниот јубилеј, каде и го претстави новото име на брендот - Claris, инспирирана од својата ќерќа Клара. Македонската дизајнерка Тања Кокев, денес ја претставува својата најнова колекција за сезоната есен-зима 2018. Ревијата ќе се случи вечерва во 20 часот во Александар Палас. Тања е препознатлива по својата желба за различност и  креативност, па токму и затоа, вечерва очекуваме убави модни изненадувања.