,

Коледарската дружина ја испеа “Вечниот бог“ пред Skopje City Mall

Дел од учесниците во манифестацијата „Бадникови поворки“ го посетија Skopje City Mall и ја пееја Божикната песна “Вечниот бог“ со што ќе го најавија Христовото раѓање. Децата додека ја пееја божикната песна носеа божикни ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус. Покрај ѕвездите носеа и специјално украсени пештери на кои е претставено Рождеството Христово. Skopje City Mall на влезот од молот со гордост ги пречека и ги даруваше со традиционални автентични коледарски пакетчиња. Над 300 учесниците од основните училишта од општините Ѓорче Петров, Карпош и децата од Златните Славејчиња беа дел од овој несекојдневен настан. https://www.facebook.com/SkopjeCityMall/videos/1582942978452376/