Концепт 2020 на Кнез ќе дефилира на Моден викенд Скопје

Глобализацијата акцентот за провокативно креирање на колекцијата „Концепт 2020“ од модната креаторка Ивана Кнез. Таа со оваа колекција ќе се претстави на шеснаесеттиот „Моден викенд Скопје“. Ревијата ќе се одржи на 23 октомври, во 21.30 часот, во хотелот „Мериот“. Креаторката со ревијата сака да ги отвори прашањата дали ние живееме во свет на криза со идентитетот, колку мажите и жените се различни и еднакви, но и колку човечките битија се робови на општеството што сами го креираат Женски Магазин: Од каде провокацијата за креирање на Концепт 2020? Ивана Кнез: Од секојдневието. Со главите шетаме надолу, најважни ни се лајковите кои ги собираме на социјалните медиуми, преферираме средби онлајн повеќе отколку средби во живо. Активно водиме приватен живот преку инбокс и со самото тоа поддржуваме порнографија, трафикинг, педофилија. Сето тоа несвесно и систематизирано. Колекцијата е револт и кон сама себе и сопствените навики, а со самото тоа и на моето опкружување. Сакам да го подобриме квалитетот на животот, сите ние. Женски Магазин: Креаторката со ревијата ги отвора прашањата дали ние, луѓето, живееме во свет на криза со идентитет, колку мажите и жените се различни и еднакви, но и колку човечките битија се робови на општеството кое сами го креираат?! Колку се важни овие прашања? Ивана Кнез:  Кога се будите наутро, што е тоа што ве мотивира да го продолжите денот? Треба да е љубовта, а најчесто се финансиите. Каде се гледате за десет години од денес и со кој? Што направивте денес што го помрдна тлото на светот, а е еден мал чекор за вас? Нахранивте бездомно животно, му се насмевнавте на некој бездомник на улица…Засакавте некој? Секој ден се повеќе ја губиме целта и идентитетот, стануваме општи стануваме роботи. Заради системот во кој живееме. Резултатот … секојдневие со лоши вести на Фејсбук, луѓе без лични животи, без кредибилитет и образование. Само површен социјален живот без значење. Женски Магазин: Модните парчиња ќе бидат лимитирана едиција, поттикнати од секојдневното наше живеење, колку сме ние Андроиди заглавени во електронскиот свет. Сите љубители на модата ќе погледнат несекојдневна модна колекција за сегашноста и иднината, творба за #Concept 2020. Зошто лимитирана? Ивана Кнез:  Затоа што секој од нас е еден. И нема потреба да е унифициран. Некој од парчињата ќе се повторат, но во лимитиран број и тоа е во ред бидејќи е стил на поединци со бескрајни опции за комбинации. Но до некаде. Парчињата се силни, со визуелен идентитет и костимографски пристап, се водев од различноста на секоја жена, без лични фрустрации кој го тоа направи прв! Женски Магазин: Какви материјали се користени и колку се истите предизвик како моден дизајнер? Ивана Кнез:  Дел се наша креација, дел се рециклирани, дел се реставрирани. Со самото тоа и недостапни во количини. Материјалот лично ретко ме предизвикува, повеќе ме интересира приказната и заднината, сакам материјалот да биде соодветна реакција на една активна приказна. Модата е дејствие, модата е иднина, модата менува! Женски Магазин: Која е животната филозофија на Ивана Кнез? Ивана Кнез: Сакај секој ден како да нема утре, истражувај повеќе од она што ти е сервирано пред нос, патувај и запознај нови култури или барем тоа прави го на интернет! И никогаш не се задоволувај со малку! За Женски Магазин, Ивана Кнез