,

КОРИСНИ ТЕХНИКИ: Натерајте го вашето дете да ја сака книгата и да чита

Читањето смирува, го збогатува речникот, ја поттикнува фантазијата и затоа е важно децата да се навикнат да учат. Со читањето децата го учат и она што не им е достапно во нивниот секојдневен живот. Се подразбира дека прво вие му читате на вашето дете.
  • Читајте му што повеќе приказни и стихотворби.
  • Дозволете му на детето да види како со прст го следите напишаниот текст.
  • Поставувајте му прашања за приказната и сликите.
  • Поттикнувајте го детето да ви поставува прашања.
  • Разговарајте со своето дете и слушајте го.
  • Пофалете го во секоја погодна ситуација.
  • дозволете му само да ја избере книгата.