Кошаркарката Јелена Антиќ: Животот има добри и лоши денови

Животот на спортистот е полн со возбуда, предизвици, авантури, патувања, но за жал не трае вечно. Да се бара формула за успех е бескраен лавиринт. Но, за мене тоа е многу едноставно. Успехот мора да го чувствувате во себе и многу да не размислувате, бидејќи лошата мисла ви носи сомнежи и страв од неуспех. А и неуспехот е дел од животот. Падни, повторно стани, исправи се…Само така се учи стабилно и цврсто да стоиш на своите нозе. Сето тоа е одраз на умот и внатрешното задоволство. Секогаш има добри и лоши денови. Кога сите би можеле да видат како изгледа животот на еден професионален спортист не знам колку би уживале во тој Реалити програм;))) Обожавам живи, активни тренинзи, со многу енергија... јас сум голем борец…За тоа кажуваат фактите, дека ги работам тренинзите од кои и мажите плачат. Хахаха…Тренингот буди сладок умор, а оној кој го сака спортот го одмара… Нешто како звуците на омилената музика. Понекогаш, полесно ги поднесувам болката и уморот, некогаш потешко. Треба да знаеш да се разбереш себеси, а и другите околу себе, да имаш силна воља, баланс и хармонија и да останеш строго фокусиран на тоа што го работиш. Спортот не е лесна професија, затоа што во дел од секунда и најмала повреда може да ја прекине спортската кариера извесно време, а некогаш и да стави точка на неа. Спортот е изграден од солзи и смеа… Но, некогаш солзите подолго траат… Затоа е многу важно да вложувате во себе, во своето образование и да ја челичите својата самодоверба и надвор од теренот. За да се оствариш на терен прво мораш да се оствариш како личност. Да бидеш шампион значи да бидеш успешен и на професионален и на приватен план, што не е секогаш лесно. Секогаш барам и истражувам нови знаења, сознанија и упорно барам нови инспирации. Моите родители ме научија на едноставност и пријателство, кое од дете го носам во себе и затоа кругот на моите пријатели е бескраен… На секоја точка од земјината кугла постои некој кој ми е навистина близок......најголемото богатство на светот е тоа. Ги ценам добрите, искрените луѓе и се трудам и самата да бидам таква. Среќна сум што имам семејство кое насекаде ме следи, бодри и пружа поддршка и во најтешките моменти. Тие се мојата најголема инспирација, нивната љубов ме прави посилна и ми го отвора патот да истраам во секоја можна димензија на животот, бидејќи најзагрозен орган на спортистите е оној кој не се гледа и не е дефиниран, а тоа душата. Времето проаѓа... Пишаното останува… Остануваат драгите пријатели и нивната топлина како мелем на рана.