Кралицата веќе избра свадбен подарок: Еве каква чест ќе им укаже на внукот Хари и Меган Маркл

Кога на 19 мај оваа година принцот Хари и Меган Маркл ги разменат брачните завети, според кралската традиција, кралиците Елизабета ќе им оддаде почит со нови титули. Истото се случило и во април 2011 година, кога се венчаа принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Тогаш, кралицата ги „даруваше“ со титулите по кои денес ги нарекуваат - војвода и војвотка од Кембриџ. Затоа се нагаѓа дека неговиот помлад брат и американска актерка би можеле да станат војвода и војвотка од Сасекс. Но, ова не се единствени почести кои ќе ги добијат новопечените сопружници. Имено, вообичаено е кралицата да додели и одвоени шкотски титули. Така војводата и војвотката од Кембриџ и грофот и грофицата од Стратерн, додека принцот Чарлс е познат и како војводата од Ротеси. Ако им се верува на некои нагаѓања, Хари и Маркл ќе станат гроф и грофица од Рос. Но, и тоа не е сигурно, бидејќи единствената титула грофот од Рос ја држел Чарлс Први, кој е убиен во 1649 година, затоа таа не се смета за среќна. Било како било, шкотските титули официјално ќе бидат прогласени ден по венчавката, поради што почитувачите на кралското семејство уште некое време ќе останат во незнание.