,

КРАЈ? Уште еден холивудски брак пред развод

Славниот холивудски пар, Вил Смит и Џада Пинкет веќе долга низа години имаат големи проблеми кога се работи за нивниот брак. Иако лани прославија 20 години од брачниот живот, луѓето блиски до парот велат дека во нивниот однос многу нешта не функционираат. Кога почнаа гласините за тоа како парот е пред развод, одлучно демантираа, но како што тврдат странските медиуми, сопружниците веќе некое време не живеат заедно. Извори блиски до парот наведуваат дека се надеваат оти ќе ги спаси заминувањето кај брачен советник и ќе вроди со плод, инаку во спротивно разводот е неизбежен. Со оглед на тоа дека нивнте деца се доволно возрасни и веќе не живеат со нив, парот ќе мора да го подели имотот кој се проценува на 270 милиони долари. Исти извори наведуваат како времето повеќе не го поминуваат заедно и добро се забавуваат како „самци“. Повторни гласини за нивниот развод никогаш не изненадиле бидејќи оние кои ги познаваат велат дека не е проблемот во љубовта туку во нивниот однос кој е се само класичен не. Останува да дознаеме дали парот и овој пат ќе ги демантира шпекулациите или на уште еден славен брак му доаѓа крај.