,

Лешник мусли

За мене појадокот е најважниот оброк во денот. Денот ми почнува со мусли, кои си ги подготвувам дома, а по еден час продолжувам со некој оброк со јајца или сендвич. Сметам дека добар појадок дава многу енергија за целиот ден, но и витка линија. Кога подготвувате мусли дома, идеите немаат крај. Можете да искомбинирате житарки по желба со јатки, суво овошје и разни зачини. За денес ви подготвив мусли со лешник. Потребни состојки: 300 гр. Овес 100 гр. Лешници (непечени) 70 гр. Кокосово масло 50 гр. Мед 2 мали лажички мелен рогач 10 гр. Чиа семе 20 гр. Сирово какао 2-3 зрна кардамом (истолчен) Вклучете ја рерната на 150 степени целзиусови. Во тавата од рерната ставете хартија за печење. Во подлабок сад ставете ги сите состојки, освен лешниците и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Истурете ја смесата во тавата додадете ги лешниците. Печете 30 минути, а на секои 10 мин промешајте. Кога ќе бидат готови, оставете целосно да се оладат и складирајте ги во тегла или сад со капак. Консумирајте ги со кое било млеко или грчки јогурт. Убав ден. 





                    

                    


                </div> <!-- end entry article -->






                




                <div class=