,

Магијата на Новогодишната забава во срцето на градот

Празничен период, всушност – најубавиот период во годината. Насекаде околу нас е украсено, сијаличките треперат, насекаде се слушаат празнични песни, продавниците, рестораните и кафулињата полни, луѓето раздвижени и градот навистина добива некоја посебна магија. Кога станува збор за дочекот на Новата година, магијата добива уште поголем сјај! Како наближува денот кога ќе се збогуваме со старата година, возбудата сѐ повеќе расте и се надеваме и веруваме дека наредната ќе биде подобра, посреќна и поуспешна за сите нас. Спојувањето на стрелките точно на полноќ ни отвора нова страница и за некому е ветување дека годината што почнува ќе биде полна нови предизвици, а за некому можеби ветување за година исполнета со подобра забава, која ќе започне токму со Новогодишната ноќ. А, кога сме кај забавата, не залудно се вели дека дочекот на Новата година е најлудата вечер во годината. Забава до раните утрински часови, во друштво на најблиските, одлична атмосфера и музика, а пак доколку е во срцето на градот, со очи вперени во огнометот, добриот помин е загарантиран, а магијата уште поголема. Таква можност несомнено ни нудат Мериот и Дистрикт. Локација на самиот плоштад, под самиот огномет и имате чувство дека сте во центарот на сите случувања! Доколку се прашувавте, во Скопје Мериот Хотел, единствениот Петар Ренџов со својот бенд нуди незаборавна забава со танцување до раните утрински часови. Неговите настапи донесоа свежина не само во македонската музика, туку и во ноќниот живот низ Скопје, а Новогодишната ноќ е дефинитивно моментот кога неговата музика ќе предизвика еуфорија која долго ќе се памети. „Музиката е универзален јазик и прекрасно е кога се споделува со присутните, особено кога тие прифаќаат да се радуваат на моментот и кога ритамот и хармонијата им будат чувство на среќа и возбуда. Токму тоа сакаме да им го овозможиме на гостите во Скопје Мериот Хотел и сигурен сум дека ќе успееме барем за една ноќ да понудиме вистински незаборавно искуство и магична забава во срцето на градот“, вели Петар Ренџов. Од друга страна пак, во Дистрикт бар и ресторан настап ќе имаат младиот, но веќе добро етаблиран бенд „Д Кру“. Овие млади, енергични момци свират од поп и рок, па сѐ до џез, блуз, хаус, R’N’B и диско, меѓутоа она што е најважно е дека нивниот стил и единствен настап гарантира забава на која нема да сакате да седнете. „Ние веќе неколку пати настапувавме во Дистрикт и она што можеме да го потврдиме е дека местото некако оплеменува и нуди вистински добра атмосфера. Фактот дека повторно ќе настапуваме токму за Новогодишната ноќ, сигурни сме дека дополнително ќе ја подгрее атмосферата. Гостите се секогаш прекрасни, а ние ќе се потрудиме оваа вечер да имаат навистина специјално расположение“, велат момците од „Д Кру“. Нова година во домашна атмосфера, или пак на луда забава со Петар Ренџов или „Д Кру“, во секој случај 31 декември е денот кој треба да се помине со најблиските. Која и да биде вашата одбрана опција, ние ви посакуваме добар помин и многу здравје, радост и нови успеси во новата 2018!