МАЖИ, ДАЈТЕ ИМ СИЛА НА СИЛНИТЕ ЖЕНИ: Никому не му е лесно

Што да направите кога жената е на дното? Кога ќе видите дека веќе нема енергија и дека куп обврски ја задушуваат? Со љубов, постојат некои работи со кои и тоа како ќе и олесните и ќе го поделите товарот со неа… 

Можете да ги најдете во секоја продавница, на игралиште, пред училиште или во канцеларија. Жените кои секојдневно се грижат за своите деца, оние кои се и возачи и доктори и готвачи и перачи и сушачи и читачи. Жени кои се и мајки и работнички и пријателки, а сето тоа го работат од ден на ден. Ретко кој воопшто ќе забележи, а камоли да пофали и помогне. Тоа се жени кои тивко управуваат со светот. И ако вие сте жена која ја чита статијава, тогаш тие сте веројатно ВИЕ. Мажите на тие жени се исто така татковци, возачи, носачи и уште милион работи, а меѓу сите тие обврски и улоги, често забораваат на себе и својата партнерка. Никому не му е лесно. Сепак, понекогаш треба да се сетите на сите оние тивки работи кои жените ги прават, без разлика дали некој ги прашал или замолил, тоа се работи без кои денот не би ни започнал – готвење, перење, пеглање… Понекогаш животот и сите обврски ќе станат премногу, а жените се кршат обидувајќи се да направат и да бидат се. Во тие моменти, токму после распадот на системот, тие фантастични мажи кои ги сакаат своите сопруги и кои сакаат да им помогнат и да ги направат среќни, всушност можат да направат некои работи со кои дел од товарот ќе го преземат на себе, ќе ја покажат поддршката и љубовта и ќе им помогнат кога е важно.  

Дознајте како вашата сопруга го поминува денот 

Без разлика дали оди на работа или е домаќинка, дали денес е на боледување, прашајте ја својата сопруга каков и бил денот или што планира денес. Нејзината листа на обврски и задачи е веројатна полна со обврски и задачи, кои вие не ги забележувате, но кои целосно го исполнуваат нејзиниот ден и ѝ ја црпат енергијата. Дајте и до знаење дека сте благодарни за нејзиниот труд и дека сте свесни за енергијата и љубовта,  кои таа ги вложува во вашиот заеднички секојдневен живот. 

Вклучете се пред да се скрши 

Најдобро време кога да и помогнете на сопругата е СЕГА. Немојте да чекате целосно да се распадне, за да и помогнете. Ако забележите проблем порано и почнете заедно да работите на него, двајцата ќе почувствувате олеснување бидејќи тој товар е поделен, а со време нема да дојде до пукање, бидејќи ќе се поделите и двајцата ќе се грижите за секојдневниот живот.  

Бидете активни и учествувајте во нејзиниот ден 

За одгледување на детето се потребни двајца. Среќен брак е резултат на љубов и поддршка на двајцата партнери. Потребно е двајца за да се одржува домот. Бидете целосно вклучени во животот на своето семејство. Не е лесно да работи, да се дојде дома и повторно да се работи. Обврските не чекаат, а вашата работа не е изговор за да не бидете активни во својот дом и семејство. 

Не се обидувајте да ги решавате нејзините проблеми 

Само слушајте. Тоа е се што се очекува од вас. И ако и треба совет или решение, ќе праша.  

Прегрнувајте ја, држете ја за рака… 

Најдете им на децата некоја занимација -човече не лути се, Меморија или сложувалка, фатете ја сопругата за рака и одведете ја во кујна, прегрнете ја, стиснете колку што можете посилно и држете ја така некое време. Физичкиот допир, на моменти некој бакнеж, ќе и значи многу повеќе отколку кои било зборови. Ќе ја почувствува вашата поддршка и љубов, а тоа е најважното. 

Пуштете ја да зборува 

Понекогаш најдобар начин жената да се опушти и исфрли се лошо од себе е –разговор…Пуштете ја својата сопруга да ви каже што ја мачи, со какви проблеми се среќава во семејството или на работа, поради што се грижи и што ја вади од такт. Покажете разбирање, поставете понекое прашање и учествувајте во разговорот.  

Бидете и партнер 

Бракот меѓу другото е ветување на едниот партнер кон другиот дека ќе го делат животот, доброто и лошото, дека ќе си бидат меѓусебна поддршка, дека заедно ќе се смеат и плачат. Но, не само ветување. Бракот значи дека двајца луѓе се посветени едни на други…Вие се избравте еден со друг да бидете заедно,  да бидете партнери во се што се случува во вашите животи, а не само заедно да живеете. 

Пружете и надеж 

Охрабрете ја. Дајте и до знаење што сакате кај неа и пронајдете начин да и ги покажете нејзините квалитети, избегнувајте критики и негативност. Кога некој е близу до дното, личноста која има задача да и помогне да се врати на нозе, е онаа личност која на тој начин дава нова сила и верба во иднината.  

Бидете корисни 

Научете ја уметноста на гледање по дома и пронаоѓање задачи кои мора да се извршат. Има ли садови во мијалникот? Треба да се прошета кучето? Има ли нечиста облека на под во спалната? Треба да се зацврсти кваката? Немојте да чекате таа да ве праша или укаже на проблемот -едноставно направете го тоа сами!  

Дајте и слободен ден 

Нема подобро чувство од она кога жената се „ ќе се скоцка“ – фризура, маникир, долга купка, масажа – се заедно или само едно. Не е важно. Чувството дека жените имаат време да направат нешто за себе е она чувство кое ги подигнува да одат понатаму. Еден ден вие подгответе ги децата за градинка, направете какао и појадок и оставете ја да спие подолго. Однесете ги децата во кино и дајте и три часа мир и тишина. Ќе се чувствува подобро и помирно. А ќе добие и нова сила да тера напред. 

Прашајте ја како може да и помогнете 

Вашата сопруга точно знае што и треба за да се опушти и закрепне. Затоа едноставно прашајте ја што треба, брзо ќе дознаете. Ќе ви биде благодарна што може да замислит дека сте и обратиле внимание, сте ја увиделе ситуацијата и сте одлучиле да се вклучите. Во иднина, секојдневната вклученост, понекогаш тоа може да биде само ситница, на долг рок многу ќе значи за вашиот однос, за мирот во семејствотото и  за среќата. На крај на приказната, и таа ќе ве сака, а се што прави -прави од љубов …