Македонија вечерва наликуваше на бајка

  Осумдесет члена екипа од Русија и од Германија во Скопје, ни овозможи вистинска бајка на мраз. Спектаклот на мраз се случи во Македонската опера и балет, каде Државниот балет на мраз од Санкт Петербург, Русија ни  овозможи префинетост и перфектна елеганција во движењата со балетот на мраз „Оревокрашачка“ од Петар Илич. Овој балетски спектакл на мраз, Државниот балет од Санкт Петербург го изедува на речиси сите светски балетски и оперски сцени.
Државниот балет на мраз од Санкт Петербург е основан во 1967 година од кореографот Константин Бојарски како продолжение на традиционалната руска школа за класичен балет. Со настанокот на оваа инситуција, Бојарски споил две руски национални гордости во една: уметничкото лизгање и балетот. Тој бил поранешен солист на светски познатиот балет „Марински“ и школски другар на славниот танчар и кореограф Рудолф Нуреев. Музички директор и коосновач на оваа балетска куќа е Лео Коркин, познат руски диригент. Кореографијата е на Константин Рас.