,

Македонската филхармонија ќе ја изведе „Симфонија на тажни песни“

Македонската филхармонија во четврток ќе ја изведе „Симфонија на тажни песни“ која ја најави како една од најубавите, но и најпопуларните симфонии на сите времиња. „Симфонија на тажни песни“, позната и како Симфонија бр. 3 од современиот полски композитор Хенрик Миколај Горецки, ќе биде премиерна изведба за оркестарот на Македонската филхармонија. Солистка ќе биде оперската дива Ана Дурловски, а оркестарот ќе го води диригентот од Бугарија Емил Табаков.