МАКЕДОНСКИОТ РАДИСКИ ФЕСТИВАЛ НИЗ ПРИКАЗНИ

Пред МАРС дознав дека сум бремена Македонскиот радиски фестивал МАРС сношти во МОБ прослави јубилеј, 10 години од постоењето. Се доделија многу награди на домашните поп-пејачи во различни категории, а најмногу доби Влатко Лозаноски, три, за хитот „Ова лето ќе се памти“. Песните остануваат да се слушаат, наградите да ги мотивираат пејачите и авторите, а ние ќе ви го раскажеме МАРС од поинаков агол, според приказните, појавата и изјавите на учесниците. [caption id="attachment_5159" align="aligncenter" width="650"] Пред шест години, дознав дека сум бремена, не ме чепкате за догодина. - Миа Костова[/caption] Највпечатлив вовед пред да додели награда имаше водителката Миа Костова. „Јас го водев МАРС во 2011 година, и паметам дека само пет часа пред да застанам на сцената дознав дека сум бремена. Кој знае оваа година што ќе ми донесе МАРС? Антонио, не ме чепка ј за догодина“, му се обрати шармантната Миа на проект менаџерот на фестивалот Антонио Димитриевски. Денес, таа е мајка на шестгодишниот Андрија. „Јас го водев првото издание на МАРС, во 2008 година. Поминаа десет години од тогаш, а јас во меѓувреме родив три деца“, рече водителката и автор на емисијата „Тунел“ на МТВ, Живкица Каленикова. Како водител кој својата кариера ја изгради во емисии посветени на домашната музика, Жиле за себеси рече дека на оваа сцена е своја на своето. Интересно видување за МАРС има и водителот Димитар Атанасовски. „Сакам да им честитам на Антонио Димитриевски и на Универзалната сала како организатори, кои десет години истрајаа во овој фестивал. Да беа други, до сега, да земаа тикви да садат ќе се откажеа, а камо ли од организација на ваков настан“, рече Димитар. [caption id="attachment_5160" align="aligncenter" width="649"] Впечатлив имиџ на Сара Мејс, наградена за хитот „Небо“[/caption] МАРС ќе се памети и по изненадувачкиот имиџ на неговата сопруга, пејачката Сара Мејс, која на сцената се појави со кус црн фустан, и виткана долга руса коса. [caption id="attachment_5161" align="aligncenter" width="640"] Ако не сме добиле награда за 25 години, не сме ја ни заслужиле. - Меморија[/caption] Реобновената група Меморија беше изненадување на вечерта. Тие добија награда за трајни музички вредности. „Ова ни е прва награда за овие 25 години. Штом не сме ја добиле до сега, сигурно не сме ја ни заслужиле“, рече низ насмевка басистот и еден од основачите на групата Петар Георгиевски-Камиказа и ја повика публиката да дојдат на концертот на „Меморија“ во сабота во Метрополис Арената. [caption id="attachment_5162" align="aligncenter" width="650"] Награда за најдобра балада, „Љубена“ на Кристина Арнаудова[/caption] На сцената на МАРС се врати водителката Марија Петровска, која со својот партнер се пресели во Словенија точно пред две години, по МАРС во 2015 година. Марија, која беше дел од екипата на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“, а сега работи во радио во Цеље, во Скопје допатува специјално за фестивалот. [caption id="attachment_5163" align="aligncenter" width="651"] Најатрактивната учесничка на МАРС, младата пејачка Теа доби награда за најдобар дует со Панчо[/caption] ДНК, Кристина Арнаудова, Ања Ветерова, „Некст Тајм“, Наташа Малинкова, „Ај Кју“, Димитар и „Тајфата“ беа дел од наградените пејачи на јубилејот на радискиот фестивал. „Парите од наградата ќе ги потрошам за нешто фино“, изјави за Женски Магазин Лозано, кој доби награда од 60,000 денари за апсолутен хит. За Женски Магазин, Милица Џаровска