Максима кралица на стилот

Во семејство чии корени водат потекло на бројни политичари во Аргентина, родена е кралицата на Холандија, Максима. Модните критичари сметаат дека во моментов таа е вистинска шик дама. Храбра, кога е во прашање нејзиното модно претставување, секогаш успева да ја носи облеката. Мајката на три деца, својата љубовна приказна со холандскиот престолонаследник ја започнува во Шпанија, која пак деновиве е центарот на светските збиднувања. Максима е првата холандска кралица, која не е родена во Европа, иако во нејзините вени тече европска сина крв. Интересно е тоа што на кралската свадба, не присуствувале родителите на идната кралица. Нејзиниот татко бил дел од диктаторската влада на Аргентина, поради што не му било дозволено да биде присутен на свадбената церемонија. Кралицата е мошне активна во своите должности. На сите настани, без разлика каде се , таа изгледа беспрекорно. Носи силни бои,  впечатлив накит, како и интересни капи.