Месечен хороскоп за Вага: Пресуден период, чувајте се од развод

Овој октомври мора да се посветите само на важни работи. Одложете ги помалку важните обврски, а вниманието насочете го на кариерата и здравјето. Ова е период кога ќе почнете сериозно да размислувате за промени во својот живот, а ќе ги промените дури и ставовите, кои ги негирате со години. РАБОТА: На поле на кариерата ќе има неколку непредвидливи ситуации. Ќе постигнете успех на работа, но само откако ќе успеете да совладате неколку препреки. ПАРИ: Приходите овој месец ќе бидат навистина високи, па ќе се опуштите и уживате во малку пораскошен живот отколку досега. Парите ќе доаѓаат од некои проекти кои од вас ќе бараат креативност или вештини на комуникација. Генерално, финансиската ситуација ќе биде сјајна во текот на октомври. ЉУБОВ: Помрачувањето на Сонцето во октомври ќе стави на тест некои ваши односи, без разлика дали се љубовни или пријателски. Ќе имате силна потреба да пронајдете партнер за цел живот. Овој месец не е најповолен за влез во нова врска. Вагите кои се во брак или долга врска исто така може да ги искусат проблемите, а многу припадници на овој знак им се заканува и развод. ЗДРАВЈЕ: За да го зачувате здравјето, ќе мора да пронајдете време за опуштање и одмор. Нивото на енергија ќе ви биде високо, но постои можност на забоболка и голем замор.