Месечен хороскоп за декември: Овенот ќе биде задоволен кога се работи за пари и работа!

Дали е можно да ни се приближи последниот месец во годината? Декември е период кога повеќето луѓе ги сведуваат сметките за изминатата година, размислуваат за (не)остварени цели и веќе почнуваат да готват планови за подобра иднина во наредната година. Можеби не е лошо баш во овој момент да се посоветувате со ѕвездите! Што ве чека на полето на работа, љубов, пари и здравје, открива месечниот хороскоп за декември. Овен Куќата на кариерата во текот на цел декември ќе биде многу силна, па се ќе се врти околу вашата работа. Ќе имате помали проблеми во семејството и емотивната врска, но ќе ги оставите во втор план. Ќе имате силна желба за патувања и ќе настојувате таа желба да си ја исполните по секоја цена. Работа: Поради големо внимание кое ќе го посветите на работата, ќе нижете успеси, па е можно и унапредување кое веќе долго го посакувате. Вашата работа ќе биде забележана и наградена со зголемување. Важно е само добро да се фокусирате на професионалните цели и да не „скршнете од патот“ и да се занимавате со озборувања и интриги со колегите. Невработените Овни може да очекуваат понуда за работа во странство. Пари: Планетата Марс ќе доминира во вашата куќа на пари, па можете да очекувате напредок во финансиска смисла. Ќе имате поддршка од семејството, па нема да ви биде тешко да заработите дури и поголема сума пари. Добро ќе ви дојде и социјален контакт со вистински луѓе. Љубов: Ако не го контролирате своето однесување и макар малку време и внимание да посветите на партнерот, можете да очекувате судири. Слободните Овни на кои им е доста од забави и сакаат сериозна врска, ќе имаат шанса за напредок. Личноста која би ви одговарала целосно можете да ја сретнете меѓу колегите. Здравје: Можни се помали проблеми со нервозни црева и сезонска кашлица. Поведете сметка и за здравјето на црниот дроб.