,

Меѓународниот ден на толеранцијата

Клубот Inner Wheel Skopje Europea, за прв пат организираше тркалезна маса со работен наслов: Толеранција на различностите – предуслов за подобар живот на сите!, со што се вклучи во одбележувањето на Меѓународниот ден на толеранцијата. Inner Wheel Skopje Europea, е дел од Inner Wheel International, основан далечната 1924 година. Меѓународниот ден на толеранцијата почнувајќи од 1996 година е годишно одбележување на толеранцијата под покровителство на УНЕСКО, со цел генерирање на јавна свест за опасностите од нетолеранцијата. На16 ноември 1996 година, Генералното собрание на ОН (со резолуција 51/95) ги покани земјите – членки на ОН да го набљудуваат Меѓународниот ден на толеранцијата. На тој начин е усвоено овој ден да биде прогласен за Меѓународен ден на толеранцијата. Заклучоци кои произлегоа од тркалезната маса: 1. Македонското општество е високо поларизирано општество! Прагот на сензибилитет е многу висок, а со тоа толеранцијата кон различниот од нас е многу ниска. 2. Потребно е поголемо вклучување на владиниот сектор преку мерки и политики за градење на инклузивно и потолерантно општество. 3. Активно вклучување на невладиниот сектор и граѓанското општество, како една од алките во синџирот, кои значајно влијаат на градењето на толерантно општество. 4. Градење на свест дека толеранцијата треба да ја промовира поединецот, на индивидуално ниво, за да се создадат услови за подобар живот за сите, на општествено ниво. 5. Инер Вил клубот Скопје Еуропеа и следната година повторно ќе организира настан за толеранција и почитување на различностите, како би се согледал напредокот во општеството во однос на оваа година.