,

Мислење на психолог: Како Дејвид и Викторија Бекам се толку години заедно?

Силните односи на Викторија и Дејвид Бекам секогаш предизвикуваа завист и воодушевување кај повеќе луѓе. Познато е дека браковите во Холивуд многу кратко траат и дека разводите и неверствата не им се нешто непознато на славните ѕвезди. Меѓутоа, Викторија и Дејвид Бекам се во брак долги години. Иако во нивиот однос имало тешки моменти и некои медиуми тврдеа дека имало многу авантури во животот на Дејвид , тие и денес се среќни и посветени еден на друг. И покрај редовните известувања во таблоидите за претстојниот развод, Бекамови се заедно среќни повеќе од 20 години. Која е тајната на нивната врска?   Семејството е најважно „Ние сме слични души. Понекогаш запаѓаме во лошо расположение, но одиме понатаму. Или се носите со тоа или не. Заклучувајќи го бракот, знаете дека ќе има успони и падови. Живееме пред публиката и имаме повеќе потешкотии. Ние тоа го прифативме и за нас, само ние и нашето семејство се важни“, рекла Викторија во едно интервју. Парот има 4 деца-Бруклин, Ромео, Круз и Харпер-кои се центар на нивниот свет. Ваков заклучок може да се стекне гледајќи на социјалните мрежи фотографии од Дејвид и Викторија, каде повеќето слики се заеднички семејни фотки исполнети со деца, среќни моменти и доверба. Заедно се забавуваме „Дејвид и јас заедно се забавуваме. Ние често се смееме. Да бев толку сериозна во животот како на некои фотографии на папараците, мојот сопруг и јас не би биле толку среќни“, вели Викторија. Ако парот е одлучен да живее долг и среќен живот, тогаш заедничката забава е една од клучните услови за семејната среќа. Правилно одредување на приоритети „Многу работам. Но сопругот и децата се приоритет за мене. Јас го прилагодувам мојот работен распоред на децата. Харпер е секогаш со мене. Момчињата секогаш беа со мене кога беа мали, но сега одат во школо. Не сум многу поинаква од било која друга вработена мајка. Имам четири деца, но се носам. Да се биде мајка е тешко. Нема правила. Но се обидувам да направам се што е во моја моќ, за Дејвид и децата“. Можете да имате успешна кариера и прекрасно семејство, но порано или подоцна ќе постојат ситуации кога ќе биде тешко да се комбинира работата и семејниот живот-тогаш ќе мора да изберете. Во таа цел, од самиот почеток на семејниот живот , треба да се одредат приоритети. Психологот Валерија Минковскаја изјавила во што е според нејзе тајната на односот на познатиот пар. „Односите мора да се градат не само на емоции и страсти. Луѓето се едноставно обврзани да ги здружат заедничките интереси, деца и можеби работата. Викторија и Дејвид се жив пример како заедничкиот живот на глобално ниво може да ги надмине ситни интриги, искушенија и други проблеми. Затоа, ако сакате вашите односи да не пукнат околу првиот проблем, изградете ги на добра основа. Потрудете се да имате заеднички традиции, семејни празници, заеднички хоби. Покрај тоа, секој сопружник треба да внимава на себе и да се обидува да направи нешто добро за другиот. Викторија и Дејвид тоа го прават редовно“.