Мислите дека не можете да успеете во нешто? Оваа мудра приказна ќе ве разубеди!

Човек поминувал покрај слонови и одеднаш застанал. Бил збунет од фактот дека овие огромни животни се врзани со мал конец за својата предна нога. Нема ланци, без кафез. Било очигледно дека слоновите можеле во било кој момент да се оттргнат и избегаат. Од некоја причина сепак не го направиле тоа. 

Човекот од љубопитност им пришол на нивниот тренер и го запрашал зошто тие животни само стојат и не се обидуваат да се ослободат. Тренерот одговорил: „Кога беа многу млади и многу помали користевме конец со иста големина за да ги врземе. Тогаш тоа беше сосема доволно за да ги задржи. Како што растеа, тие и понатаму веруваа дека конецот ги држи. Затоа никогаш не се обидуваат ни да избегаат“. 

Човекот бил шокиран. Слонот може во секој момент да се ослободи, но затоа што верува дека не може, останува заробен на местото каде што се наоѓа. Како и слоновите, колкумина од нас одат низ животот со убедување дека не можат ништо да направат, само затоа што еднаш не сме успеале во тоа? Неуспехот е дел од процесот на учење. Не смееме никогаш да се откажеме од обидите.