МЛАДАТА ПЕЈАЧКА САРА ГИГОВА УСПЕШНО КОТИРА НА НАТПРЕВАРОТ „ПИНК ЅВЕЗДИЧКИ“: Жирито препозна дека сме братучетки со Антониа

Во мјузиклот посветен на Тоше Проески, „Тајно моја“, ја играше Бети, сестрата на главниот машки лик, Филип и најголемиот обожавател на Тоше. Низ ликот на Бети се раскажуваше животот на Тоше. Нејзината братучетка, Антониа Гиговска беше со неа на сцената играјќи го главниот женски лик, Ана. [caption id="attachment_13833" align="aligncenter" width="640"] Во „Кастинг талент шоу“ сакав да стасам до целта и да добијам улога во мјузиклот, пред се затоа што го сакам Тоше. Таа желба ми се исполни и го освоив второто место.- Сара во натпреварот за таленти[/caption] Сара Гигова е една од нашите најталентирани млади пејачки. Тоа го потврдуваат коментарите на жири комисијата во балканското музичко шоу „Пинк ѕвездички“ кое се снима во Белград. Сара има 13 години, учи во основното училиште „Александар Македонски“ во Скопје, а во натпреварот на Тв „Пинк“ стаса до четвртиот круг. [caption id="attachment_13831" align="aligncenter" width="617"] Во „Пинкови ѕвездички“ во Белград многу добро ми оди. Влегувам од круг во круг ги добивам сите 5 гласа од жирито со многу добри коментари, и влегов во четвртиот круг[/caption] „Во „Пинкови ѕвездички“ во Белград многу добро ми оди. Влегувам од круг во круг ги добивам сите 5 гласа од жирито со многу добри коментари, и влегов во четвртиот круг. Убаво е да ја погледнете и таа емисија. Омилени ми се сите настапи затоа што уживам кога пеам ја сакам сцената. Коментари има повеќе убави: дека имам јак, моќен и силен вокал, убава боја на гласот и други. Да не испадне дека многу се фалам хахаха.“, раскажа младата пејачка за своето искуство во шоуто. [caption id="attachment_13832" align="aligncenter" width="552"] На жирито мм кажав дека сме дека братучетки и ме прашуваа од кого го имаме наследено тој талент.- Сара и Антониа Гиговска[/caption] Со професионално пеење, Сара започнала од пред 3 години, а со музика се занимава од седум годишна возраст, кога во нижото музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ почнала да свири виолина. „Професионално на 10 години за прв пат застанав на сцена на еден детски фестивал во Прилеп „Ѕвездички“ и го освоив првото место, и се почна од таму“, вели Сара. Потоа почнаа да се нижат нејзините успеси и фестивалските награди самите по себе да си доаѓаат. Повеќето од нив се интернационални, од фестивали во Бугарија, Словенија, Србија, Москва во каде што Сара добила „Гран при“. Музичкото патување понатаму ја носи кон домашниот ТВ музички натпревар „Кастинг талент шоу“ преку кој е избрана за една од главните улоги во мјузиклот „Тајно моја“. „Тајно моја“ беше еден голем предизвик за мене, затоа што се натпреварував со многу повозрасни и поискусни пејачи што се занимаваат со музика повеќе години, и мислам дека многу добро се снајдов, затоа што сакав да стасам до целта и да добијам улога во мјузиклот, пред се затоа што го сакам Тоше. Таа желба ми се исполни и го освоив второто место“, раскажа Сара. Нејзината братучетка Антониа Гиговска, која успешно ја гради поп-кариерата победи на „Кастинг талент шоу“. И Антониа беше дел од финалистите во прекланската сезона на „Пинк ѕвездички“. „Жирито уште во првиот круг препознаа дека имаме нешто заедничко Антониа и јас. Им кажав дека сме дека братучетки и ме прашуваа од кого го имаме наследено тој талент“, вели Сара и за очекувањата на својот пласман додава: „Висок пласман? Не знам што да одговорам на ова прашање. Би сакала, зошто да не, високо да се пласирам. Но, до каде и да стасам и тоа ќе биде голем успех за мене, затоа што имам само 13 години, но ќе дадам се од себе да постигнам добар резултат“, изјави таа. За Женски Магазин, Милица Џаровска