Многу градоначалници, ама малку жени влегуваат во игра

Еманципацијата на жените не донесе премногу придобивки за нив. Посебно, не во Македонија. Сè уште живееме во општество каде постои нерамноправна поделба меѓу мажите и жените. Еманципацијата донесе само повеќе обврски, стрес и динамика, во и онака преобилната женска листа со обврски. На грбот на жените се две третини од домашните обврски, додека татковците се главно шоу мајсторите по дома. Мама мора да биде идеална. Ова деновиве уште повеќе ми падна во очи, кога онака чисто од љубопитност ги разгледав листите со кандидати за градоначалници. Таму жените се бројат на рака. Само 11 жени ќе се борат за позицијата градоначалник во Македонија, од нив само една за град Скопје. Зошто? Па зарем не сфативме дека најмоќната политичка фигура во Европа е жена? Ни претходно не може да се пофалиме со некаква револуција. Во изминатиот мандат, Македонија има само 4 градоначалници - дами. Среќа, понудата за родова рамноправност за овие локални избори, малку е коригирана со застапеноста на дамите на советничките листи. Оваа тема будно ќе ја следиме.   За Женски Магазин,  уредува Вики Чадиковска