,

Моден хороскоп: Според знакот одбери ги твоите хулахопки

ОВЕН Овновите се елегантни и самоуверени, а тоа го изразуваат кога се чувствуваат сигурни во себе. Најчесто бираат да облечат калсични црни хулахопки или пак црвени хулахопки кои би ја истакнале нивната силна енергија. Не експериментираат со боите и кроевите, туку сосема спротивното: се потпираат на провереното и удобното. БИК Како хороскопски знак биковите се практични, заљубени во едноставноста и класиката, како и сензуалните ткаенини. Конзервативноста им налага за време на шопинг да купуваат само класични хулахопки со кои е невозможно да се погреши. Нивни омилени бои се: беж, сива, бела и црна. БЛИЗНАЦИ Близнаците само по себе се авнатуристи, подготвени во секое време за патувања. Обожуваат да менуваат стилови, нив најмногу им се предизвик дезенираните хулахопки, со апликации, разни фигури и дезени. Бираат специфични и маркатни детали, најчесто во вид на модни аксесоари кои се издвојуваат и оставаат посебен впечаток. РАК Девојките кои се рак, носат се што е модерно, но со доза на внимание. Тие сакаат едонставни хулахопки, а нивен избор се неутралните бои, во комбинација со фини детали што ќе им дадат допир на елеганција и префинетоста кон која се стремат. ЛАВ Лавиците се ,,посебни’’, сакаат да се ,,китат’’ со брендирани парчиња облека, тие постојано ги избираат дезенираните хулахопки како моден детал и сакаат екстравагантни парчиња, како и впечатливи детали и ведри бои. Злато, сребро, бижутерија – лавот не пребира. Важно е добро да изгледа, но и секогаш да е во центар на вниманието. ДЕВИЦА Девицата е префинета, практична и организирана. Одбираат бои кои прилегаат на нивниот тен, како и ткаенини кои се удобни за носење. Девиците ги сакаат  хулахопките кои се во нежни нијанси на розова, сина, бледо жолта, но и беж, црната и сивата боја. ВАГА Вагите се уметнички души, во нивниот гардеробер ќе најдете едноставни и удобни хулахопки. Многу почесто се одлучуваат за маица и фармерки отколку за свечен фустан, освен кога приликата бара од нив да бидат скоцкани – тогаш ќе дадат се од себе да бидат грациозни и да изгледаат совршено. СКОРПИЈА Важно на скорпијата е да има скапи и квалитетни хулахопки, а истите да ги комбинира со едноставни и секојдневни парчиња облека кои ги поседува во сите бои. Тие секогаш сакаат квалитетни чевли на потпетици и чанти. Каде и да се појават оставаат впечаток, и најчесто е позитивен. СТРЕЛЕЦ Ентузијазмот, позитивната енергија и ведриот дух се нивните главни белези. Така е и со модата и стилот на облекување: стрелците сакаат хулахопки во бои (најмногу оние нијанси кои се јаки и интензивни), дезенирани хулахопки со принтови (особено леопард принтот), но пред се’ сакаат внимание. ЈАРЕЦ Јарците се сериозни, сакаат класични хулахопки, кои ги комбинираат со професионалната облека, која е на работ да биде конзервативна. Имаат хулахопки во нивните омилени бои, црната, сивата и тегет, а доколку се одлучат за промени, тогаш со најмногу задоволство би ја додале и црвената боја, бидејќи ја покажува нивната скриена страст. ВОДОЛИЈА Секогаш одбираат дезенирани хулахопки за да имаат шик и среден изглед, иако не ги следат трендовите. Не се потпираат на модните правила, туку испишуваат свои сопствени и цврсто се држат до нив. РИБИ Исклучително чувствителни и нежни, рибите се романтични сонувачи кои што и да облечат изгледаат слатко и привлечно. Од хулахопките тие ги избираат цветните принтови, пастелните нијанси и многу белина.