Модни детали кои треба да ги пробате ова сезона: карнери

Карнерите на целокупниот стајлинг му даваат изглед каков што не бил популарен никогаш досега. Посебно сакаме да ги видиме на кошули и на елегантни блузи. Но, тие не изгледаат лошо ниту на долни делови од облеката или на фустани. Овој додаток е како накит, и со него нема да ви бидат потребни дополнителни парчиња накит. Ако сакате да експериментирате, карнерите одат добро со разнобојни кристали на обетки, или на нараквци што посебно ќе ве истакнат каде и да се појавите. Во ваква ситуација не морате да претерувате со фризура и шминка, затоа што карнерите се доволно впечатливи. Тие ќе се носат оваа, но и следната зимска сезона, и затоа направете си комбинации. Во галеријата имате неколку интересни стајлинзи.