,

Модни револуционерни пеперутка кравати OTTIMO HANDMADE

Често ќе слушнете дека пеперутка кравата се носи исклучиво на свадба, но Ottimo Handmade ќе ве увери во спротивното. Една насмевка и храброст за да бидете забележани се сосема доволни кога носите пеперутка вратоврска. И, навистина е така.   Ова лето, сосема случајно разгледувајќи низ социјалните мрежи, налетав на брендот Ottimo Handmade. Она што го задржа моето внимание беа различните и оригинални пеперутка кравати за девојки. Да, убаво прочитавте, за нас, жените! Покрај класичниот бизнис дрес код, отсекогаш сум сакала да додадам нешто свое на мојата дневна комбинација, моден додаток што ќе каже нешто повеќе за мене во софистициран стил. Благодарение на Ottimo Handmade, бизнис гардеробата е веќе една сосема нова поинаква модна приказна. Во разни стилови и бои, инспирирани од уличната мода низ Италија, Ottimo Handmade, ќе ве однесе во светот на пеперутка краватитепридружувани од модните џебни марамчиња, кои ќе ве освојат со својата оригиналност и ќе посакате одеднаш на сите ваши најблиски, да подарите еден ваков оригинален подарок. Посветеноста, креативноста и беспрекорната изработка на овие модни додатоци, е она што ги прави Ottimo Handmade посебни и свои. Но, едно е сигурно. Со купување на кои било од нивните производи, знаете дека поседувате и носите нешто што не е произведено во голем број на идентични копии. Зарем мислите дека Ottimo Handmade заборавија на вашите најмили? Нивната Ottimo Junior колекција е навистина детска модна приказна за себе. Сите нивни производи се внимателно изработени од одбрани материјали и со многу љубов.   Женски Магазин Една сосема нова поинаква модна приказна. Од каде дојде до идејата креирање на уникатни пеперутка кравати за пазарот во Македонија? OTTIMO  Иако мал, пеперутка краватата е многу моќен детаљ. По извесен период поминат во Италија, овој детаљ никого не остава рамнодушен, особено кога гледате како гордо се носи по италијанските улици, внимателно вклопен во секојдневните комбинации. Впечатокот беше толку силен, што прерасна во силна желба и ние во Македонија да сме дел од таа модна приказна, каде главна улога ќе ја има нејзиното височество - пеперутката. Токму оваа силна желба, во комбинација со тогашната понуда на нашиот пазар, која главно се состоеше од увезени масовно произведени пеперутки - ја поттикна идејата. OTTIMO со големо задоволство си постави за цел да стане македонски бренд, кој на сите љубители на убави нешта ќе им понуди нешто поразлично и можност да се биде посебен, знаејќи дека поседуваат и носат нешто кое не е произведено во многу идентични копии.
Женски Магазин Навистина вашиот бренд изобилува со различни принтови и бои, секоја чест и големо БРАВО! Од каде ја црпите вашата инспирација за создавање на едно вакво модно парче? OTTIMO  Искрено благодариме. Точно, OTTIMO во своето ателје нуди повеќе од 200 различни опции. Клиентите имаат можност да одберат и џебно марамче, како партнер на пеперутките. Што се однесува до инспирацијата, секој нов ден си носи нови моменти, нови поводи во кои секогаш како придружба добро доаѓа некое OTTIMO парче. Најголемата инспирација се самите желби на клиентите, кои секогаш се различни - независно дали станува збор за клиенти кои се веќе"докажани“ љубители на пеперушки, клиенти кои се отворени за нови предизвици, или пак клиенти кои имале став дека „не се тип за лептиркаЖенски Магазин При посета на вашиот салон, вашата стара машина Сингер ми остави посебен впечаток и ми ја комплетираше вашата модна приказна на еден начин. Дали можеби се крие или стои емотивна приказна или поврзаност со оваа машина? OTTIMO Љубовта кон антиквитетите и позитивната енергија која тие ја шират се „виновни“ за нејзиното присуство. Зад таа машина стои голем труд на некои вредни раце кои пред многу години создавале со љубов. Токму поради тоа го има тоа почесно место.
Женски Магазин  Покрај машки лептир машни, креирате и за понежниот пол, нешто на кое лично сум голем обожавател и веќе поседувам модно парче од вашата летна колекција. Каков беше одѕивот помеѓу девојките кога започнавте да креирате за нив?
 OTTIMO  Да, во OTTIMO не важи „правилото“ дека лептир машните се само за машкиот пол. Неверојатен е ефектот кога околу вратот на една девојка има лептир машна - во исто време изгледа толку софистицирано и елегантно, но и многу моќно. Реакциите генерално беа позитивни, иако на почетокот забележавме дека постои доза на „срамежливост“ кај дел од дамите. Приказната се промени во моментот кога се појави колекцијата со која OTTIMO им даде нова димензија на лептирките, а тоа се лептирките на ланче. Така, тие стануваат поприфатливи за поголемиот дел од понежниот пол, имајќи можност да бидат носени не само со кошули, туку и со маички, фустани и слично.
Женски Магазин Обрнувате внимание доста и на пакувањето на вашите производи. Софистицирани, едноставни но сепак препознатливи во стилот на Ottimo Handmade. Колку вие сметате дека пакувањето е исто голем и важен фактор во однос на еден бренд? OTTIMO  Во создавањето на секоја вратоврска се вложува многу внимание и љубов, па како таква заслужува да биде складирана во соодветен „дом“. Секое OTTIMO парче клиентите го добиваат спакувано во брендирана кутија, и како такво е спремно за подарување - независно дали го купуваме за да си го подариме на себе, или да изненадиме некоја драга личност. Пакувањето му дава дополнителна вредност на секој производ и ја комплетира целата приказна, па оттаму улогата која ја игра за еден бренд е од голема важност. Женски Магазин  Ги побивте бариерите кај нас дека пеперутка машни не носат само мажите. Дали мажите сега купуваат пеперутка машни за своите девојки? OTTIMO  Полека но сигурно, мажите почнаа да доаѓаат во OTTIMO Не само за машките колекции, туку и за да одберат подарок за своите девојки, и тоа е навистина многу симпатично. Најчесто изборот паѓа на колекцијата ,, Бисерна Пеперутка‘’. Станува збор за колекција во соработка со еден од најдокажаните македонски брендови - Оригинален Охридски Бисер-Филеви. Мажите се познати по тоа дека одат на „сигурна варијанта“, водејќи се од мотото дека секоја дама сака бисери, па така најчесто се одлучуваат да подарат бисерна прегратка околу вратот на својата сакана. Женски Магазин Вашата изработка на пеперутка машни е навистина беспрекорна. Колку време Ви одзема создавањето на еден ваков производ? OTTIMO Задача, предизвик и задоволство на OTTIMO е секое ново парче да биде подобро изработено од она кое му претходело. Времето на создавање зависи првично од тоа дали станува збор за custom нарачка од клиент, или пак изработка според сопствена инспирација. Во првиот случај, изработката одзема помалку време бидејќи при состанокот со клиентот веќе се дефинирани сите детали околку самиот производ - бојата, моделот, материјалот… Во вториот случај, изработката може да потрае и на пример 4 до 5 часа, бидејќи станува збор за сосема различен процес, кој не секогаш оди по дефиниран редослед. На пример, има ситуации кога самиот материјал го дефинира моделот на вратоврската, па целиот процес почнува од симпатијата кон одреден материјал и обратно-моделот кој треба да се изработи си повлекува избор на соодветен материјал, евентуално додавање на детали и слично. Женски Магазин Кои се најчестите побарувања на клиентите? OTTIMO Побарувањата на клиентите се секогаш различни, но најважно од сè - добредојдени. На пример, клиенти ни се парови кои со своето модно усогласување привлекуваат погледи на настаните на кои се појавуваат - бојата и материјалот на женскиот гардероба да биде во иста боја со лептирката и џебното марамче на партнерот. Имаме клиенти кои се љубители на self-tie лептирки, кои уживаат во целиот процес на врзување (за одврзувањето веројатно се задолжени дамите):) Исто така, на барање на клиентите се изработуваат и лептирки за миленичињата. Најинтересни побарувања се оние за Happy Family Set - лептирки за возрасните и иста таква јуниор варијанта за најмалите и најслатките. Женски Магазин Ottimo Handmade досега беше и сѐ уште е дел од овогодишниот Fashion Week Skopje. Убавите хостеси како и дел од тимот на FWSK можеме да ги забележиме како гордо ги носат вашите пеперуга машни. Какво искуство е за Вас да се биде дел од еден ваков јавен настан, со оглед на тоа што сите очи се вперени во модата и модните додатоци?OTTIMO  Fashion Weekend Skopje е најголемиот моден настан во Македонија и да се биде дел од истиот претставува огромна чест, а задоволството кое доаѓа со самото тоа е неизмерно. Станува збор за една прекрасна соработка која трае веќе три сезони од Модниот Викенд. Целата симбиоза на различностите кои се собрани на едно место, како и прекрасниот тим кој секогаш со насмевка ги придружува нашите лептирки и ни ја доверува нивната доверба, шири посебна енергија која го поттикнува OTTIMO да продолжи да оди напред. Женски Магазин Што би им препорачале на нашите читатели во однос на модните додатоци и нивната важност? OTTIMO  Модните додатоци му ставаат шминка на секој гардероба. Секој од нив носи своја порака и дава посебна енергија. Независно дали станува збор за повод кој си бара елеганција, или пак за лежерна комбинација, со модните додатоци стилот добива сосема друго ниво. Но, најважно е да не заборавиме дека модните додатоци секогаш треба да одат во комбинација со насмевка и добри манири.
За Женски Магазин, Нина Беадер, Fb strana : https://www.facebook.com/BeaderHristina/ Web Strana : https://ninabeader.wixsite.com/styleinmotion