Молитвата на Антоан де Сент Егзипери: „Направи од мене човек, кој знае да допре до оние кои се навистина на дно

Молитвата на Антоан де Сент Егзипери: „Господе, јас не молам ни за чуда ни за привиденија, туку за секојдневна сила. Научи ме на уметноста на малите чекори. Научи ме правилно да располагам со времето на својот живот. Подари ми фин дар да го разликувам примарното од секундарното. Јас молам за сила на воздржаност и мерки, за да не летам и не се лизгам низ животот, туку разумно да го планирам текот на денот, да можам да видам врвови и пространства, и дури понекогаш да најдам време да уживам во уметноста. Помогни ми да сфатам дека илузиите не се од помош. Ни сеќавањата за минатото, ни соништата за иднината. Помогни ми да бидам овде и сега, и да го прифатам овој момент како најважен. Спаси ме од наивното убедување дека се во мојот живот треба да биде лесно. Подари ми јасно спознанија дека тешкотиите, поразите, падовите и неуспесите се само природен составен дел од животот, благодарение на кои растеме и созреваме. Потсетувај ме дека срцето често се буди со причина. Испрати ми во вистинскиот момент некој, кој има храброст да ми ја каже вистината, но да ми ја каже со љубов! Знам дека многу проблеми се решаваат, ако и ништо не се направи, затоа научи ме на трпение. Ти знаеш колку ни е силна потребата за пријателство. Дај ми да бидам достоен на тој најубав и најнежен Дар на Судбината. Дај ми богата фантазија, за да во потребното време, момент, на вистинското место, во тишина или говорејќи, некој му подарам неопходна топлина. Направи од мене човек , кој знае да допре до оние кои се навистина „На дно“. Спаси ме од стравот дека нешто ќе пропуштам во животот. Не давај ми го тоа што го сакам, туку она што навистина ми е потребно. Научи ме на уметноста со мали чекори. Молитвата ја напишал Антоан де Сент Егзипери во еден од најтешките периоди на својот живот.