Молитвата на Иван Лотески од Охрид му го донесе крстот во раце

Охрид денеска е раздвижен повеќе од вообичаено. Причината добро ја знаеме, денешниот голем празник Богојавление – Водици. Од својата 14 година Иван Лотески од Охрид скока по крстот во водите на Охридското езеро а денеска му се посреќи. Како што кажа тој немал никаква физичка подготовка за ова традиција, освен молитвата која крстот му го донесе во раце.