ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Јас се избрав себе!

Поголемиот дел од животот го минав обидувајќи се да им угодам на луѓето. Да не повредам никого. Фина и пристојна девојка. Поголем дел од животот се обидував да бидам што помалку чувствителна. Да не ги покажувам солзите пред секој кога ќе ми се нанесеше неправда. Се грижев за другите и посакував некој да се грижи за мене. 

Сакав луѓето да ме сакат. Сакав некој да ме посакува. Сакав да ме прифатат. Поголем дел од животот не бев среќна. Постојано се жртвував себеси. Давав сè од себе, да ги усреќам другите, а јас патев. Никој не го забележа тоа. 

Уморна сум.. Уморна од желбата да угодувам, да сè правдам. Доста ми е. Проклетство, ова сум јас. Јас сум вредна, јас сум важна, јас постојам. Моите чувства се важни. Моите зборови се тука, слушнете ги. Послушајте ја мојата вистина. Одете си од мене, ако ви е непријатно крај мене. Јас ги бирам моите чувства и себеси. Ова сум јас. Мислам како мислам, изгледам како што изгледам, се чувствувам како што се чувствувам, сакам онака како што сакам. Тоа сум јас. Комплетна. Не некој калап кој вие го обликувате за мене. 

Никој повеќе нема да ме менува, затоа што не сум соодветна на неговата идеја за мене. Ако треба да се сменам, тоа ќе биде само моја одлука. Ќе се сменам само кога ќе посакам и како што ќе посакам. Мојата среќа е на прво место. Искрена сум. Ќе се смеам, ќе плачам, ќе пеам, ќе сакам. Го избирам тоа што е најважно за мене. Она што е добро за вас, можеби не е и за мене. Избирам да бидам среќна. Сите ние имаме право на избор. Јас се избрав себе.