,

Навечер или наутро? Кое време е идеално за миење на коса

Постои идеално време за миење на косата. Познатите фризери откриваат дека во зависност од структурата на косата, на некои луѓе им одговара косата да ја мијат наутро, а на некои навечер. Ако имате тенка коса која брзо мрснее, стурчни лица препорачуваат да ја миете наутро. Така косата ќе ви изгледа свежо во текот на целиот ден. Доколку имате густа коса, треба ја миете навечер, а потоа полека исушете ја со пешкир и оставете да се исуши- зиме на собна температура, а летото на свеж воздух.