,

Направи новогодишно фенерче и свеќник

Полека се ближат празниците, па така полека сите ги украсуваме домовите. За денес имам една едноставна идеја како да направите фенерче или свеќниче со помош на тегли. Потребни ви се тегли, спреј, новогодишна декоративна лента, јутена лента, конец, ливчиња, жица, штипка за документи, лепило, ножици и клешти. Најпрвин направете шаблон со што на картон ќе нацртате нешто по ваш избор (јас нацртав ѕвезда). Исечете ја формата која ја нацртавте и почнете со помош на спреј да нанесувате форми на теглата. Испрскајте ги со спреј дното и грлото на теглата. Потоа намотајте ја јутената лента околу грлото на теглата, а потоа ставете ги штипките од едната и другата страна на дијаметарот на теглата и залепете ги. Земете жица и протнете ја низ двете штипки и завиткајте ја, на тој начин рачката е спремна. Потоа можете да искористите некаков украс да го прикачите на јутената лента. За свеќникот бидејќи земав тркалезна тегла, на јутената лента потребно беше да се направат набори со помош на конец. Потоа ја ставив на теглата, а декоративната новогодишна лента, ставете ја врз јутената и залепете ја. Земете декоративни ливчиња, свиткајте ги меѓусебно во форма на цвет, а потоа ставете го на тегличката. Како за крај, додека не пристигнале празниците, експериментирајте со бои и разни додатоци и направете едни вакви новогодишни фенерчиња или свеќничиња.   За Женски Магазин идеите ги прави Ана Јордановска-апсолвент на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер