Нахранил бездомник во ресторан, кога ја добил сметката останал без зборови и се расплакал

Потресна приказна за изгладнето мало дете која еден човек ја споделил на социјалната мрежа Фејсбук, многумина ги расплака. 

Имено, Акилеш Кумар седел покрај прозорецот во еден ресторан и ручал. Додека го јадел своето скапо јадење, здогледал слабо и изгледнето момче како стои на улицата. Акилеш направил потег со рака и го повикал момчето да дојде во ресторанот. После пет минути, момчето влегло во ресторанот со својата сестра која ја држело за рака. Тој ги прашал што би сакале да јадат, а тие срамежливо покажале во неговата чинија, и рекле дека сакаат да јадат исто што и тој. Кога завршиле со јадењето, Кумар го повикал келнерот за да му ја донесе сметката да плати. Но, кога келнерот ја донесол сметката, Кумар останал без текст кога прочитал што пишува на неа. Како сума која треба да ја плати стоела една голема НУЛА. 

„Не постои каса која би можела да наплати ваква голема хуманост. Ви посакуваме се најдобро.“, пишувало најдолу на сметката. Овој гест го расплакал човекот, а истиот покажува дека постојат хумани луѓе на овој свет.